Нобелова награда за германски научник
6 октомври 200872 годишниот виролог Харалд цур Хаузен беше изненаден кога слушна дека е еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина. Тој се‘уште не знае што ќе прави со половина милион евра, пари што ќе ги добие од наградата. Харалд цур Хаузен ја доби годинешнава Нобелова награда за медицина за неговото откритие, дека така наречениот „Папилон вирус“ е предизвикувач на рак на матката. Поранешниот шеф на Германскиот институт за истражување на ракот во Хајделберг, уште во 70-те години претпоставуваше дека одредени сексуално преносливи брадавици - вируси би можеле да бидат предизвикувачи на тумор во матката кај жените.
Стручњаците долго време не ги сфаќаа сериозно неговите тези. Благодарение на истражувчката работа на Харалд цур Хаузен, во Германија од минатата година младите девојки може да се вакцинираат против рак на матката.
Наградени и двајца француски медицинари
Другата половина од Нобеловата награда за медицина оди во рацете на француските медицинари Франсоа Баре - Синоси и Лук Монтание.
Двајцата Французи го индентификуваа ХИВ вирусот, предизвикувачот на сида. Ова беше предуслов за да се пронајдат превентивни мерки и да се применат терапевтски лекарства, кои на многу инфицирани им го спасија животот.