1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нејмар е нов капитен на Бразилците

О. Герстенбергер / Е.М.Фиданоска5 септември 2014

Напаѓачката ѕвезда Нејмар е нов капитен на бразилската фудбалска репрезентација. Заедно со новиот селектор Карлос Дунга, тој треба да донесе пресврт за националниот тим.

https://p.dw.com/p/1D7fa
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Ghement

Со опоравениот Нејмар како капитен, Бразил ја почнува мисијата на пресврт и повторно постигнување добри резултати. Прв тест е пријателскиот натпревар против Колумбија. „Тој е голем играч, играч со квалитет, иако е многу млад“, го фали селекторот Дунга 22-годишниот Нејмар.

Капитенот би требало да биде пример за своите колеги во тимот, рече селекторот, кој и самиот беше дел од фудбалската репрезентација на Бразил на СП во 1994 година, кога неговата земја стана светски првак. Инаку, Дунга веќе беше тренер на репрезентацијата во 2006 и 2010 година.

Сега, при изборот на играчите, Дунга направи мал „рез“. „Ниту еден играч кој не е на списокот не треба за смета дека во иднина нема шанса и никој кој е на списокот не треба да мисли дека е тоа гаранција“, изјави налседникот на Сколари.

Од екипата што ја тренираше Сколари, сега кај Дунга играат неколкумина. Дел од тимот се и одбранбениот играч Марчело од Реал Мадрид и Давид Луиз од Пари Сен Жермен, иако двајцата беа посочени како главни виновници за историскиот пораз на Бразил од Германија на светското првенство кое се одржуваше во јуни и јули. И Луиз Густаво, кој игра за Волфсбург, е на списокот на новиот селектор. На листата го нема Данте од Бајерн Минхен.