1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неуспех на министерската средба на ОБСЕ во Мастрихт

2 декември 2003
https://p.dw.com/p/AdNI
Рускиот став околу конфликтите во Грузија и во Модлавија доведоа до несупех на дводневната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ во Мастрихт. За прв пат по три години 55 членки на организацијата не беа во состојба да најдат заеднички јазик за завршната декларација. Шефот на американскиот Стејт департмент Колин Пауел при тоа упати невообичаено остра критика на адрес на Русија, повикувајќи ја што е можно побрзо да ги повлече трупите од Грузија и Молдавија.

Додека германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер вчера дипломатски се осврна на нерешниот проблем со руските сили на грузиска и молдавска почва, неговиот американски колега Колин Пауел денеска сосема јасно ја предупреди Русија да ги почитува преземените обврски. Актуелниот претседавач со ОБСЕ, холандскиот министер за надворешни работи Јап де Хоп Шефер, изјави дека најголемиот дел од неговите колеги од земјите членки го поддржуваат територијалниот интегритет на Грузија и се залагаат за испраќање меѓународни мировни сили за Молдавија. На тоа рускиот заменик министер за надворешни равботи Владимир Чишов возврати дека неговата земја не се чувствува обврзана позитивно да одговори на ваквите барања. Поради таквиот став Москва е изолирана во рамките на ОБСЕ, посочи Шефер.

Спорот околу руските сили во овие две земји ја засени дводневната средба и го оневозможи и потпишувањето на спогодбата за борба против трговијата со луѓе, тероризмот и ширењето на оружјето.

На состанокот на министрите за надворешни работи Пауел не се воздржа ни од критика на руската политика кон Чеченија:

"Русија мора да ги почитува човековите права, дури и ако во Чеченија се бори против тероризмот."

Шефот на Стејт департментот во Мастрихт ги осуди и другите примери на кршење на принципите на правната држава и демократијата:

"Белорусија води систематска кампања против независните медиуми и невладините организации. А во Туркеменија дури се прогонувани политичките противници на актуелната влада и религиозните малцинства" - посочи Пауел.