Малолетничките бракови не се само „ромски проблем“
11 јануари 2020Несиме Салиоска од Прилеп се избори за промена во правниот систем на Северна Македонија. Со години активистката за правата на Ромите се бори противдетските бракови во земјата, а во 2018 постигна голем успех - забрана со закон за бракови под 18 години. Таа одржува средби со локалните власти заради укажување на ургентноста на проблемот.
„Локалните институции немаат пристап до сите информации, па затоа отсуствува нивна постапка, констатиравме од изјави на засегнатите. Јас ги објаснувам сите законски промени во присуство на локалните власти и граѓаните, за да можеме да напредуваме во нивно спроведување во пракса,“ вели Салиоска.
Досега, често властите прогледувале низ прсти кај детските бракови, често и поради раширеното стигматизирање на Ромите. Раното мажење на ромските девојчиња се смета за традиција, се жали Салиоска. Во меѓувреме тоа почнува да се менува во одделни случаи.
Како и во мнозинството балкански земји, детски бракови во С. Македонија се раширени најмногу во ромската заедница. Сепак, тоа не е чисто „ромски проблем“, вели Салиоска, туку на целото општество. Според податоци на УНИЦЕФ, 7% од сите девојчиња се мажат на возраст под 18 години.
„Девојчињата мажени во детска возраст во животот имаат често значително ограничени перспективи,“ потенцира Салиоска.
Повеќе:
Како навистина живеат Ромите во Европа?
Од Шуто Оризари до Германија и назад
Од 2007. година Несиме Салиоска со нејзината НВО „Рома СОС- Прилеп“ работи на пробивање на затворениот круг од сиромаштија, социјална изолација и дискриминирање. За тоа од ЕУ во 2019 година ја доби наградата за интеграција на Ромите. За неа признанието кое таа го доби е порака до сите девојчиња и жени, да се борат за своите права:
„Патот до успехот не е лесен, но се исплаќа кога на крајот ќе видиш колку е горда околината со промените кои си ги предизвикал, било во семејството или во општеството, затоа не треба да се има страв од тргнување по тешкиот пат, зашто тоа е исплатлива инвестиција за жените која води во нивна независност до крајот на животот.“
Несиме Салиоска има веќе многу постигнато, но и многу цели пред себе. Јакнењето на девојчињата и жените не треба никого да плаши, вели таа. На крајот, од тоа профитира цалата заедница.