1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непожелно „презимување“ на балканските азиланти во Германија

Избор: ДВ/ Ж. Ацеска 24 ноември 2014

Бегалците од балканските земји повторно се тема во германските медиуми. Во Рајнланд Пфалц се оглушија на указот на сојузната министерка на барателите на азил од Балкан да им се овозможи „презимување“ во Германија.

https://p.dw.com/p/1DsFr
Фотографија: Reuters/Michaela Rehle

Германското радио СВР на интернет страницата пишува за тоа како општините во покраината Рајнланд Пфалц во иднина веќе не сакаат на своја територија да примаат бегалци од балканските земји.

„Тоа значи дека бегалците од Македонија, Србија и БиХ наместо да бидат разместени по општините, ќе остануваат во прифатните центри за бегалци“, стои во документот кој го усвоил Советот на општините на Рајнланд Пфалц на своето генерално собрание, а до кој стигнало радиото СВР.

Презимување во Рајнланд Пфалц

Образложение за ваквата одлука е неодамна усвоениот закон со кој балканските држави се прогласени за безбедни земји на потекло, а тоа е автоматски причина поради која општините во оваа германска покраина не сакаат веќе да примаат бегалци од БиХ, Србија и Македонија.

„Општините стравуваат дека нема веќе да имаат станбен простор за бегалците од земји во кои беснее граѓанска војна, како Сирија, Либија и Авганистан. Општините на овој начин отворено се спротиставија на министерката за интеграција која издаде указ за т.н. ’презимување’. Според тој указ, сојузната покраина Рајнланд Пфалц не би смеела да им скрати гостопримство на азилантите од Балкан во зимските месеци“, пренесува радио СВР.

Нов германски ангажман во Авганистан?

Авганистан е исто така една од темите за која пишуваат германските медиуми. На извештаите дека САД ќе продолжат со борбени операции во Авганистан, „Берлинер цајтунг“ забележува:

„Според наводната тајна наредба на Обама, војната во Авганистан би требало да биде продолжена за најмалку една година. Наместо, како што беше ветено, само да ги обучуваат авганистанските војници, во земјата, почнувајќи од 1. јануари 2015 година, би требало повторно да бидат испратени 10.000 американски војници. Тие активно би учествувале во борбите, но и во лов на талибанците. Исто така би биле продолжени нападите со беспилотни летала и борбени авиони. Ова е пресвртница која треба да не‘ загрижи“, пишува „Берлинер цајтунг“.„Сега е целосно јасно дека ни самата американска влада не верува во тоа оти Авганистанците се способни ситуацијата во својата земја да ја стават под контрола на подолго време.“

„Лајпцигер фолксцајтунг“ пишува дека преостанатите американски трупи би требало да добијат поголем маневарски простор.

„Добитникот на Нобеловата награда за мир, Обама, би требало како пример пред очи да ја има ужаснувачката ситуација во Ирак. Зашто, таму по повлекувањето на американските трупи наголемо се пошири влијанието на Исламска држава. Но, уште не се знае какви последици тоа ќе има на американските сојузници. Можеби во тој случај и германскиот Бундесвер ќе требада се запраша дали требада се откаже од повлекувањето“, пишува „Лајпцигер фолксцајтунг“ .