1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема причина за поголем ангажман во Авганистан

8 август 2009

Германија, преку министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг, го отфрли барањето на НАТО за засилување на германскиот ангажман во Авганистан. Германија прави доволно, порача Јунг.

https://p.dw.com/p/J61s
Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг одговори негативно на барањето на новиот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен за поголем германски ангажман во Авганистан.

За весникот „Билд ам Зонтаг“, Јунг изјави дека нема причина да се стават на располагање повеќе пари и повеќе војници. Германија веќе го зголеми својот контингент на копнени трупи во Авганистан на 4.500, како и 300 дополнителни војници за разузнувачките операции на авионите Авакс, порача Јунг.

„Ние годишно плаќаме по 200 милиони евра за Авганистан, а од 2002 година наваму тоа се 1,2 милијарди“ , порача Јунг. Тој смета дека треба повеќе да се зборува за цивилната обнова на Авганистан каде Германија придонесла многу повеќе отколку многу нејзини НАТО-партнери. По последните напади врз Бундесверот, Јунг смета дека ангажманот во Авганистан ќе трае подолго време. „До конечна стабилизација на Авганистан ќе ни‘ бидат потребни пет до десет години“, истакна Јунг.

Karte Afghanistan Schutztruppe ISAF, Deutsch, Stand: März 2009

Инаку, вчера (07.08.2009) во Авганистан, во напад врз Бундесверот повторно беше повреден еден германски војник. Имено во близина на градот Кундус во северен Авганистан една група припадници на единиците за брза реакција била нападната од бунтовниците: „Германските војници потоа заедно со авганистанските полицајци тргнаа во потера по напаѓачите. Во вооружената престрелка што следувала, еден германски војник се здобил со средно тешки повреди. Тој е згрижен најдобро што може“, изјави полковникот во Бундесверот, Георг Клајн.

Автор: СН/ЕМФ/ап/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема