1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Некогаш злогласниот терорист наскоро на слобода

Кристоф Цехендер24 ноември 2008

Вишиот покраински суд во Штудгарт ја преиначи затворската казна на Кристијан Клар, лидер на терористичката група, Фракција на црвената армија (РАФ) во условна слобода. Клар сееше страв во Германија во 70-те години.

https://p.dw.com/p/G1Df
Кристијан КларФотографија: picture-alliance/dpa

Пред цели 30 години тој беше меѓу централните фигури на втората генерација на Фракцијата на црвената армија. Кристијан Клар во периодот меѓу 1977 година и неговото апсење во ноември 1982 година учествуваше во речиси сите акции на радикалната левичарска терористичка организација. Во повеќето од нив тој беше во првите редови.

Од 3 јануари Кристијан Клар на слобода

Вишиот покраински суд во Штудгарт во понеделник (24.11.2008) одлучи дека по 26 години минати во затвор, поради убиство на 9 лица, поранешниот терорист на РАФ, Кристијан Клар од почетокот на наредната година повторно да биде пуштен на слобода. „Извршувањето на остатокот од казната доживотен затвор на 3 јануари 2009-та година ќе биде заменета со важењето на пресудата за условна слобода. Времето за условна слобода изнесува пет години. Осуденикот ќе биде под надзор и придружба на помошник за извршување на условната казна“, изјави портпаролката на судот во Штудгарт Јозефине Кеблиц.

Christian Klar festgenommen Festnahme
Клар при апсењето во 1982-ра годинаФотографија: picture-alliance/dpa

Вишиот покраински суд во Штудгарт со тоа ја преиначи преостанатата затворска казна на Клар во условна казна. Одлучувачки критериум за судот беше прашањето дали поранешниот терорист Кристијан Клар и денес сеуште може да преставува опасност.

„Сега требаше само да се одлучи за тоа дали треба да се стравува дека Кристијан Клар може да изврши нови тешки казнени дела. Судскиот совет не гледа индикации за долготрајна опасност од страна на осуденикот“, изјави Кеблиц.

Клар не преставува опасност за германското општество

Двајца вештаци претходно дадоа позитивна прогноза за Клар. И Генералното сојузно обвинителство и раководството на затворот Брухсал, каде Клар ја одлежува својата казна се изјаснија за негово ослободување. Освен тоа Вишиот покраински суд во неговото писмено образложение укажува на тоа дека Фракцијата на црвената армија меѓу другото се’ самораспушти и оти досега ниту еден од поранешните членови на РАФ по ослободувањето од затвор не извршил повторно казнени дела. Самиот Клар исклучува враќање кон вооружената борба. Меѓутоа ништо не му стои на патот тој и натаму во јавноста исклучително критички да се изјаснува за германското општество. Клар меѓутоа повеќе не преставува опасност за опшеството.

Christian Klar Das Bundeskriminalamt (BKA) hat Anfang Dezember 1980 ein neues Fahndungsplakat mit den Fotos von 15 mutmaßlichen, mit Haftbefehl gesuchten Terroristen veröffentlicht.
Клар во 1980-та година беше на листата на најбарани терористи во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

„Откако беа земени предвид безбедносните интереси на општеството, можеше да се одлучи за прекин на извршувањето на казната. Со тоа беа исполнети сите законски предуслови за пуштање на условна слобода“, објави портпаролката на судот во Штудгарт.

Значи од 3 јануари 2009-та година, Кристијан Клар е на слобода, како последен претставник на втората генерација на РАФ.

Без појавување и изјави во јавноста

Минувачите во Штудгарт различно ја прифатија одлуката на судот.

„Тој досега не покажа покајание и затоа сметам дека одлуката не е исправна“ , вели жител на Штудгарт.

„Можам да разберам и го поздравувам тоа дека на некој начин се повлекува завршна линија. Тој одлежа 26 години поради неговите тешки злосторства“, смета пак друг граѓанин на престолнината на германската покраина Баден Виртенберг.Клар денеска има 56 години. Тој беше осуден на петкратна казна доживотен затвор. Клар меѓу другото беше вмешан во убиствата на генералниот сојузен обвинител Зигфрид Бубак, претседателот на здружението на работодавачите, Ханс-Мартин Шлејер и банкарот Јирген Понто. Управникот на Берлинскиот ансамбл, Клаус Пејман пред неколку недели ја повтори неговата понуда, Кристијан Клар да направи пракса како сценски техничар во неговиот театар. Дали Клар навистина ќе ја прифати понудата сеуште не се знае. Меѓутоа адвокатот на Клар неодамна изјави дека неговиот клиент дефинитивно не сака да се појавува или да дава изјави во јавноста.

RAF Bild von Hanns-Martin Schleyer
Една од жртвите на Клар и РАФ:Ханс-Мартин Шлејер, претседател на Здружението на работодавачите во ГерманијаФотографија: AP