Незадоволните граѓани во БиХ повторно на улица
9 мај 2014Фебруарските протести ширум Федерацијата БиХ навестија будење на граѓанската свест и според оценките на аналитичарите покажаа дека промени се можни дури и во Босна и Херцеговина. Незадоволните граѓани, меѓу другото, бараа оставки на кантоналните влади, федералниот премиер, а за тешката социјално-економска состојба го обвинија и државното ниво на власта. Во безредијата беше запален и архивот во зградата на Претседателството на БиХ. Во Мостар гореа просториите на Партијата за демократска акција и на Хрватската демократска заедница, а во Сараево и во Тузла и седиштата на кантоналните влади. Протестите кои предизвикаа оставки на неколку кантонални влади прераснаа во пленуми на граѓани со прецизно дефинирани цели.
И кога се чинеше дека власта успеа да ги смири, „пленумашите“ од целата Федерација БиХ тргнаа пеш во Сараево со цел пред зградата на ентитетскиот парламент денеска (9.5.) во „5 до 12“ да ги повторат своите барања. Протестниот марш го нарекоа „Марш на слободата- Пат без враќање“, бидејќи , како што велат, нема да се вратат дома сѐ додека властите не ги исполнат нивните барања. „Бараме радикален пресврт во политиката која веќе20 години ја урнисува БиХ. Инсистираме политичарите конечно да почнат да работат за добробит на босанско-херцеговското општество во целина, а не само за тесни политички интереси.Исто така бараме итно процесуирање на криминалот и на корупцијата“, вели Феџа Фајиќод Мостар. „Пленумашите“ најавија оти ќе побараат и оставка на владата на Федерацијата БиХ,како и запирање на судските процеси против сите учесници на февруарските демонстрации.
„Пленумашите“веруваат дека истрајноста можеда доведе до промени
На демонстрациите во Сараево, според најавите пристигнуваат„пленумаши“од Тузла, Завидовиќ, Сребреник Калесија, Грачаница, Лукацав, Фојница, Зеница, Маглај, Бугојно, Доњи Вакув,Јајце Горажде , Бихач и други места и градови. Тие веруваат дека истрајноста можеда доведе до промени. Тие ќе бараат и одржување на отворени седници на парламентот и на владата на Федерацијата БиХ и запирање на процесот на приватизација како и ревизија на досегашната приватизација.
Мислењата на аналитичарите за можните ефекти од демонстрациите и за работата на граѓанските пленуми се поделени. Едни веруваатдека ова е само почеток на долготраен процес и оти „разбудената граѓанска свест“ во БиХ на крајот сепак ќе резултира со позитивни општествени промени. Политичкиот аналитичар Алмир Терзиќ, меѓутоа не верува дека пленумите ниту пак какви било собири во БиХ ќе доведат до подобар живот и унапредување на економско-социјалната состојба во државата.
Изборите се најдобра шанса за промени?
„До општите избори во БиХ останаа уште само пет месеци и сметам дека сите граѓани на средината на октомври ќеимаат можност да кажат што и како сакаат да се оди натаму, дали БиХ ќе напредува кон ЕУ или НАТО, каде мислам дека ѝ е местото, или ќе продолжи живуркањето на опашката на регионот и Европа во тие процеси. Ако тогаш повторно 45 насто од граѓаните , како впрочем секој пат досега со своето неизлегување на избори овозможи половина од избирачкото тело да одлучува за насоките на државата,мислам дека потоа нема да имаат никакво право да се жалат. Значи, не сакаат никакви промени.Мислам дека граѓаните во БиХ треба да сфатат дека со оние неколку минути на избирачкото место одлучуваат за судбина која ќе им биде креирана во наредните четири години. Тие неколку минути би требало да ги искористат поради својата иднина“, вели Терзиќ.
Функционирање на пленумите ама не и уривачки походи поддржува и меѓународната заедницаво БиХ. Нејзиниот претставник Валентин Иннцко сметадека пленумите се „шанса за воспоставување на дијалог“ меѓу владата и граѓаните.„Тоа на крајот ќе овозможи јакнење на демократијата во БиХ во целина“,смета Инцко
На учесниците на граѓанските пленуми денеска им се придружуваат и работниците од неколку претпријатија во Федерацијата БиХ кои веќе со години своите права ги бараат на улица.