1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неексплодираните мини од војната во БиХ - нова опасност

АТ/ ард19 мај 2014

Поради рекордните поплави на Балканот, на површина исплива стар проблем - нагазните мини од војната во 1990-тите. Околу 120.000 мини сѐ уште се закопани во БиХ. Со лизгањето на земјиштето сега тие делумно се поместиле.

https://p.dw.com/p/1C21W
Фотографија: picture-alliance/dpa

Рекордни поплави и лизгања на земјиштето го зафатија речиси целиот Балкан, но во Босна и Херцеговина кон ова се надополнува уште една опасност - десетици илјади неексплодирани мини од војната во 1990-те години.

Проблемот со мините би можел да погоди голем број држави во ЈИЕ

Во обележаните мински полиња пред поплавите сѐ уште беа закопани 120.000 мини. Властите сега стравуваат дека поплавите ги изместиле. „Мините се појавија во области каде никогаш ги немало“, изјави портпарол на Босанскиот центар за мини. Оваа институција ќе испрати свои експерти во регионот.

Проблемот со мините, поради поплавите, би можел да се појави и во соседните држави. Реки од Босна се влеваат во Сава, која долж хрватската граница тече кон Србија и таму се влева во Дунав. Според експертите, на тој начин мините од Босна би можело да се разнесат низ половина Југоисточна Европа.

22 жртви од екслозии на мини

Тоа би можело да биде посебно опасно за турбините на хидроцентралите. „Ќе соработуваме со Хрватска и со Србија, за да го решиме проблемот“, соопшти портпарлот на Босанскиот центар за мини. Босанскиот министер за бегалци Адил Османовиќ рече дека неговата земја е соочена со катастрофа.

Според Министерството за надворешни работи на Германија, Босна и Херцеговина, како и соседна Хрватска, во големи делови имаат проблеми со нагазни мини и неексплодирана муниција. Двете држави со расчистувањето на земјиштето требаше да завршат до 2019 година. Според Министерството за надворешни работи, во 2011 година во БиХ загинаа 22 лица од експлозија на мини.