1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најопасната змија во Африка

1 август 2019

Црната мамба е најопасната змија во Африка. Но, нема потреба од паника при средба со неа, велат познавачите.

https://p.dw.com/p/3N8gc
Schwarze Mamba
Фотографија: picture-alliance/dpa

И покрај страшната репутација црната мамба ги напаѓа луѓето само кога е загрозена или е доведена во теснец. Токму во овој период тие се во потрага по партнер за спарување. Секое гризнување треба да се сфати сериозно. Мора веднаш да се побара медицинска помош. Црната мамба има далеку посрамежлива роднина - зелената мамба.

Во Африка има многу различни видови змии. Но, не се сите отровни за луѓето, објаснува Женевив Рид, волонтерка-негувателка на змии.

Колку е опасна црната мамба?

„ Постојат различни видови змии. Оваа змија тука е змијата-кафена куќа. Таа не е отровна што значи, ако ме касне, не може да ме убие. И интересно е што сум била касната  повеќепати од вакви змии кога сум ги отстранувала од домовите на луѓето“.

Значи, ако видите змија, вратете се назад. Не се обидувајте да ја фатите или да ја убиете. Тие само си ја гледаат својата работа.