1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Национална трагедија во Сомалија

СН/ агенции
16 октомври 2017

Слики како од воена зона. Нападот во главниот град на Сомалија, Могадишу однесе стотици животи, а десетици згради се разурнати. Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

https://p.dw.com/p/2lt0w
Somalia Mehr als 260 Tote nach Doppel-Anschlag in Mogadischu
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Abdiwahab

Во најкатастрофалниот напад во поновата историја на Сомалија, според наводите на владата загинале најмалку 276 луѓе. Покрај тоа потешко ли полесно се повредени околу 300 луѓе, соопштија денеска властите во Могадишу.  Најмалку 111 од загинатите веќе се погребани, по наредба на владата, зашто жртвите не можеле да бидат идентификувани.

Во саботата бомбаш самоубиец во товарно возило се разнесе на една од најфрекфентните крстосници во сомалиската престолнина. Во околината се наоѓаат хотели, продавници, ресторани и владини згради. Во силната експлозија  беа оштетени многу објекти а дел од нив и се урнаа.

276 загинати во страшниот напад во Могадишу

Спасувачките екипи од под урнатините успеаја да извлечат бројни луѓе. Денеска на улиците на кои и натаму стојат десетици изгорени автомобили и автобуси продолжуваат работите за расчистување на теренот.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Владата меѓутоа за одговорна ја смета терористичката организација Ал-Шабаб. Сунитските фундаменталисти постојано изведуваат напади против цивилите и безбедносните сили . Тие контролираат делови од Сомалија и сакаат од земјата на Рогот на Африка да создадат таканаречена божја држава со стриктно спроведување на исламското право.

Somalia Mehr als 260 Tote nach Doppel-Anschlag in Mogadischu
Фотографија: Reuters/F. Omar

22 илјади војници на Африканската унија (АУ) ги поддржуваат сомалиските безбедносни сили во борбата против Ал-Шабаб.

Претседателот на Сомалија Мохамед Абдулахи Мохамед во обраќање на државното радио нападот го нарече национална трагедија.

Somalia Mehr als 260 Tote nach Doppel-Anschlag in Mogadischu
Фотографија: Reuters/F. Omar

Меѓународната заедница покажува солидарност кон Сомалија. Турција вчера испрати воен авион со медицинска помош во Могадишу. „Солидарност за Сомалија“ , напиша на Твитер францускиот претседател Емануел Макрон. Тој се заложи за поголема поддршка за АУ во борбата против исламистичките терористички групи. Шпанскиот премиер Маријано Рахој остро го осуди нападот.

.