1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нарко босот Курти екстрадиран од Албанија во САД

ЖА/макфакс15 јули 2012

Албанија на барање на ФБИ го екстрадираше во САД американскиот државјанин од албанско потекло, нарко босот Ариф Курти, како главен во организирањето на пренесување на тони кокаин од Мексико во САД.

https://p.dw.com/p/15Y2F
Фотографија: picture alliance / dpa

Американските власти во барањето кое го објавија медиумите во Тирана наведуваат  дека 41 годишниот Арифи преку мобилниот телефон и од затворот во Тирана командувал и организирал шверц на кокаин од Мексико во САД, со својата организирана нарко банда од 37 луѓе во која биле и неговите најдобри соработници  Џавит Тачи и Џевелин Бериша .

По успешни акции на ФБИ, се очекува  Арифи да добие доживотен затвор во САД.

Инаку Арифи  беше уапсен во Албанија во 2008. година каде беше осуден на 5 години затвор заради организирање на шверц на кокаин од Турција преку Македонија во Албанија . Тогаш во акцијата на албанската полиција беа уапсени и македонските државјани Исен Насуфи, Дритан Ѓура и Мадрит Истрефи, кои го пренесоа кокаинот од Македонија во Албанија.