Наместо посета, телефонски разговор со Иванов
3 ноември 2012Телефонскиот разговор со претседателот Ѓорге Иванов , бил на барање на американската министерка за надворешни работи која притоа изразила задоволство од одличните билатерални односи меѓу САД и Македонија. Клинтон уште изразила благодарност сме за придонесот кој го дава Македонија во рамките на Заштитните трупи за Авганистан, ИСАФ.
„Државниот секретар Клинтон нагласи дека САД се и ќе бидат партнер на Република Македонија, дека како и досега ќе ги помагаат стратешките цели на Република Македонија. Сите сакаат да ве видат во НАТО што поскоро и искрено се надевам дека ќе биде отстранета единствената пречка и дека ќе се изнајде достоинствено и практично решение за проблемот за името. Подготвени сме да помогнеме, рече државниот секретар на САД“, соопштуваат од кабинетот на македонскиот претседател.
Поддршка за евроатлантската интеграција
Иванов пак истакнал, дека Македонија активно и конструктивно учествува во процесот во изнаоѓање на заемно прифатливо решение.
„ Претседателот Иванов истакна дека изнаоѓање на заемно прифатливо решение би било од заемна корист и добро за двете соседни земји. Република Македонија активно и конструктивно учествува во процесот кој се води во ОН, и ние сме подготвени за заемно прифатливо решение во кое нема да има победници и поразени, истакна македонскиот претседател“, рекол Иванов во телефонскиот разговор. Двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во регионот на Југоисточна Европа. Претседателот Иванов притоа нагласил дека само брзата евроатлантска интеграција на сите земји од регионот може да донесе трајна стабилност, безбедност и просперитет.
Хилари Клинтон заедно со шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон ги посетија Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Албанија.