1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надежите на Борусија потонаа во Мадрид

АТ/ макфакс/ миа3 април 2014

Фудбалерите на Реал Мадрид и ПСЖ направија голем исчекор кон пласманот во полуфиналето во Лигата на шампиони, откако во првите четвртфинални мечеви забележаа победи во дуелите со Борусија Дортмунд, односно Челзи.

https://p.dw.com/p/1BaWo
Фотографија: Getty Images

Фудбалерите на Реал против европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд стигнаа до лесна и убедлива победа од 3:0. Победата на „кралскиот клуб“ ја најави Бејл уште во третата минута. До крајот на првиот дел предноста ја зголеми Иско, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо во 57.минута. Португалецот го постигна 14-от гол оваа сезона во Лигата на шампиони со што го израмни рекордот на Лионел Меси од пред две сезони.

ПСЖ стекна предност против Челзи од 3:1, а вистински херој е Хавиер Пасторе, кој третиот гол за својот тим го постигна во 93.минута. Претходно Лавевци го отвори резултатот, израмни Азар од пенал, а ПСЖ до предност од 2:1 стигна преку автоголот на Давид Луиз. Реванш натпреварите ќе се одиграат на 8.април.

Во вторникот (1.04) се одиграа првите две четвртфинални натпревари и на нив немаше победник: Барселона - Атлетико Мадрид 1:1 и Манчестер Јунајтед - Бајерн Минхен 1:1. Реванш натпреварите ќе се одиграат на 9.април.