На плажа во Берлин
Берлин е на неколку часа возење од морето. Но реката Шпре и бројни езера во околината на берлинчани им нудат безброј можности за капење, во непосредна близина на нивните домови.
Рај за едрење
Со бродови до каде што ви допира погледот, Големото Ванзе е омилената локација за едрење во Берлин. Само 45 минути од центарот на градот, тука се стационирани десетици едриличарски клубови. Кога времето е убаво, стотици бродови и јахти пловат по езерото кое е всушност притока на реката Хавел.
Одмор на плажа
Околу 30 илјади гости се сончаат на Ванзе, еден од најголемите природни базени во Европа. За да се изгради километарски долгата плажа, песокот беше „позајмен“ од Травемунде, туристичка дестинација на Балтичкото море, и пренесен во Берлин.
Природа во градот
Тегел е едно од 70. езера во Берлин. Тука има бројни острови до кои се стигнува само по воден пат. Преку летото, траекти возат меѓу островот и копното. Сообраќајот запира навечер, кога гостите на островот конечно добиваат малку мир.
Урбано возење со брод
Каналот Ландвер е паралелен со реката Шпре, низ срцето на Берлин, а некогаш бил важна транспортна рута. Во 1920. години покрај водата беше изградена зелена променада за да им се овозможи на жителите место за релаксација. Деновиве, во каналот можат да се забележат разни бродови додека берлинчани уживаат покрај брегот.
Клабинг култура покрај каналот
Доколку побарате, ќе најдете десетици барови, пабови, клубови и ресторани на бреговите на Берлин. На источниот крај на каналот Ландвер, ресторанот Фрајшвимер е лоциран веднаш спротив легендарниот Клуб на визионерите. Посетителите тука можат да се опуштаат со звуците на електронската музика сѐ до изгрејсонце.
Кривината
Реката Шпре практично формира права линија низ Берлин, но потоа нагло врти и минува покрај Рајхстагот, централната железничка станица и зградата на владата. Берлинчани обожуваат да се среќаваат со своите пријатели по работното време во парковите и плажите на брегот.
Извадете ги веслата
Огромните водени површини вода во Берлин не се користат само за едрење, туку и за веслање. Повеќе од 50 веслачки клубови имаат свои седишта на реките Шпре и Хавел. Спортот има долга традиција во градот. Во 1880 година првата регата беше одржана во Грунаи, што ја право најстара спортска локација во Берлин која се уште се користи.
Вода за сите
Неговото официјално име е Кројцберг летен базен. Но берлинчани го нарекуваат Принц базен затоа што се наоѓа на истоимената улица. Од 1965 година, отворениот базен прима по околу 10 илјади гости секој ден во текот на летото. Посетители од најразлично потекло се среќаваат тука, што го прави вистински културен „мелтинг пот“.
Вода на вода
Првиот брод за капење е изграден во 18. век на реката Сена во Париз, и таму аристократите можеле да се капат во речната вода но во одвоени кабини. Актуелниот берлински брод за капење ја следи таа традиција, но служи за поинаква цел. Тука гостите не се капат во реката, туку врз неа.
Менлива градска панорама
Овој поглед врз реката Шпре, фотографиран од населбата Трептов, ја вклучува и скулптурата „Човекот молекула“. По германското обединување во 1990, ткн. Шпре медиумски проект привлече бројни инвеститори од овој сектор. Бројни клубови, барови и галерии исчезнаа од брегот на Шпре, но се појавија во други делови на градот. Берлин постојано се менува.