1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Конгресот на ЦСУ избран нов премиер на баварската влада

29 септември 2007

Сестринската партија на владеачката христијанско демократска унија во Германија денеска одржува Конгрес во Минхен, на кој се бираат наследниците на шефот на ЦСУ и премиер на покраинската влада за Баварија Едмунд Штојбер.

https://p.dw.com/p/BlAy
Гинтер Бекштајн, нов премиер на најголемата и најбогата германска покраина БаваријаФотографија: AP

Пратениците до пладне веќе му изразија доверба на досегашниот покраински министер за внатрешни работи Гинтер Бекштајн да ја преземе премиерската функција и да биде клучен кандидат на партијата на пораинските избори есента 2008-та.

Околу 1.000 делегати на Конгресот на Христијанско социјалната Унија во Минхен речиси едногласно го избраа досегашниот министер за внатреѓшни работи на покраинската влада на Баварија Гинтер Бекштајн за нов покраински премиер.

„Секој чувствува дека денеска е важен ден во историјата на нашата партија, ова е ден на голема промена. Ерата на Штојбер денеска завршува. Ти благодариме Едмунд Штојбер. Наша задача е не само да го зачуваме твоето наследство, туку и одговорно да го продолжиме!„ – порача Бекштајн пред пратениците на Конгресот.

Тој зазеде став и за основните вредности на партијата во наредниот период:

„Природен патриотизам, просветен патриотизам му чини добро на нашиот народ и ги јакне неговите одбрамбени сили. И сакам да го повторам она што Едмунд Штојбер веќе го кажа: дека нашата партија м,у припаѓа на демократскиот политички центар. Но, ние мораме да бидеме отворени и за демократските десни сили, а од десните екстремисти се оградуваме со сите сили!„

За Гинтер Бекштајн како премиер на најголемата и најбогатата германска покраина во наредниот период до следните избори на есен 2008-та се изјаснија дури 96,6% од делегатите.

Што се однесува пак до функцијата иден претседател на партијата, делегатите ќе решаваат попладнево. Во тек се говорите на тројцата главни кандидати, по што се очекува да уследи и гласање.