1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

На животните во Зоолошката градина во Берлин им недостасуваат посетителите

СН/дв
20 април 2020

Дали ви недостасува човечки контакт за време на корона-кризата? Не сте осамени. На животните во берлинската Зоолошка градина им недостасуваат посетителите. Некои од нив ја поминуваат изолацијата барајќи луѓе, а другите повторно ја откриваат интимноста. Но, сега има добри вести како за нив така и за луѓето во Германија.

https://p.dw.com/p/3apey

Многу семејства и љубители на животните во Германија можат повторно да се среќни - зоолошките градини, животинските паркови и ботаничките градини треба   повторно да ги отворат портите за посетителите. Сепак, тоа ќе се одвива само под строги услови и почитување на хигиенските правила во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Од денеска во Германија постепено се олабавуваат рестрикциите поврзани со заштитата од пандемијата, па така мали и средноголеми продавници ги отворија вратите за муштериите. 

Во наредните чекори, предвидено е отворање и на зоолошките градини, како онаа во Берлин. Градските власти утре треба да ја донесат конечната одлука, но се најавува дека градината ќе биде отворена за посетители веќе во наредниот понеделник на 27 април, за ограничен број посетители во определен временски интервал и со придржување до упатствата за одржување на хигиената. 

Како мерка на претпазливост, најстарата зоолошка градина во Германија  е затворена за посетителите. Ова е првпат во историјата, зоолошката градина во Берлин , која броји околу 30 илјади животни да остане затворена неколку недели.