1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ подготвена за дијалог за својот статус

БГ/бета20 април 2014

Агенцијата Бета ја пренесува изјавата на архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан во која тој изразува подготвеност за дијалог со другите православни цркви во врска со статусот на МПЦ во православниот свет.

https://p.dw.com/p/1BlIv
Фотографија: MIA

Поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан изјави дека Синодот на МПЦ на неодамнешната седница донел одлука да се обрати до патријарсите, цариградскиот Вартоломеј, московскиот Кирил и српскиот Иринех, со цел да се потврди подготвеноста на дијалот поради регулирање на, засега, неканонскиот статус на неговата црква.

Во празничното интервју за македонските медиуми, Стефан додава дека долгите разговори околу историските и процедуралните формалности треба да се надминат и да и се даде простор на љубовта, пренесува Верската информативна агенција (ВИА).

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во своето интервју истакнува дека политичарите не можат да решат ниту еден црковен проблем, па ни прашањето за автокефалноста на МПЦ, алудирајќи на српските и македонските државници кои на своите средби разговараа за тоа црковно прашање и, на некој начин, ги понудија своите добри услуги.

Митрополитот, сепак, смета дека политичарите можат да придонесат и во актуелната ситуација да создаваат клима и услови за преговори.

Во врска со позицијата на МПЦ во светското православие, митрополитот Тимотеј напоменува дека Московската патријаршија према неа секогаш негувала симпатии и во границата на своите можности, давала поддршка, што дошло до израз и при средбата на патријархот Кирил со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.