1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Моја Европа: Сеќавање- човекот наместо нацијата

Станислав Штрасбургер
10 март 2018

Во Полска во моментов многу се спори за тоа, како може и треба да се зборува за холокаустот. Станислав Штрасбургер се залага за темелна промена на дискурсот.

https://p.dw.com/p/2u2pO
Stanislaw Strasburger
Фотографија: Mathias Bothor

Во холокаустот имаше „полски злосторници, како и што имаше еврејски“, му одговори на еден новинар полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Минхенската безбедносна конференција во средината на февруари. Новинарот претходно раскажа за неговата мајка Еврејка, која за време на нацистичката окупација во Втората светска војна била кодошена од нејзиниот полски сосед и едвај навреме успеала да избега од земјата. Неполн месец по конференцијата, зборовите на Моравјецки и натаму предизвикуваат внимание во јавноста- и тоа не само во Полска и во Европа туку и во Израел и САД.

„Да се пишува песна за Аушвиц, е варварски“, напиша Теодор Адорно во 1951 година. Прочуениот филозоф подоцна ја релативизираше својата радикална недоверба кон културата ( а со тоа и кон јазикот) во односот со ужасот. Но проблемот останува до денес: „како треба да зборуваме за холокаустот?

Што ни говорат зборовите?

Медиумската врева околу изјавата на Моравјецски штотуку го го замрачува овој проблем. Какви термини да користиме, за да раскажуваме за ужасот од блиското минато? И што точно подразбираме под зборовите, „злосторник“ и „жртва“, кои делуваат јасно?

„Во истражувањето на холокаустот проширени се три израза, кои се предложени од Раул Хилберг: злосторници (perpetrators), жртви  (victims) и гледачи (bystanders)“, објаснува професорот Анджеј Жбиковски од Еврејскиот историски институт во Варшава. Интернет порталот Око прес го интервјуираше историчарот по повод настапот на Моравјецки. „Како злосторници главно беа означени нацистите, и во одредени случаи и институциите и сојузите кои соработувале со нацистите,  на пример литвански, украински или белоруски. (...) Евреите не можат да бидат означени како злосторници. “

Други колумни Моја Европа:

-Моја Европа: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

-Моја Европа: Кој е мојот идентитет?

-Моја Европа: ЕУ нема да умре, но има огромен проблем!

Посебноста на геноцидниот прогон имено може да се претстави и вака: Сопствената улога на жртва не може да биде поречена. Ако еднаш од нацистите сум бил класифициран како „Евреин“, мојата судбина била запечатена. Кон тоа не може да промени ништо ниту мојот колаборационизам. Ако, пак наспроти тоа сум бил прогонуван како „комунист“, барем теоретски имам избор: сум можел да се откажам од мојот поглед на светот или така би имал шанса да преживеам. И кога станува збор за злосторниците меѓу групите на жртви, историскиот дискурс нуди динеренцирани јазични алатки. Во однос на соработниците на нацистите се говори на пример за „одвоена моќ'

Работите да се наречат со вистинското име

Останува нејасно, дали Моравјецки сакаше да му се спротистави на ваквиот говорен обичај или едноставно ги откри неговите дефицити во знаењето. На тоа се надоврзува и недостатокот на емпатија и очигледната политичка неспретност. Но една таква забуна е впечатлива.

Богуслав Хработа, главен уредник на угледниот дневен весник „Репополита“, во саркастичен коментар неодамна напиша дека Полјаците премногу често си дозволуваат своевиден натпревар во кој секогаш одново се презентираат како жртви на историјата исто колку и Евреите. Зашто во дебатата околу Моравјецки, еден дел од луѓето во земјата го застапува следниов став: Конечно некој со храброст да ги нарече работите со вистинско име. „Еврејски злосторници“ е оправдан назив, пред сѐ секогаш кога веќе се зботува за „полски злосторници“

Дистанца од говорот на злосторниците

Што да се прави? Властодржците во Полска и вревата во медиумите и обидите директно да се влијае врз тоа како ќе зборува премиерот, без оглед дали тие доаѓаат од Тел Авив, Вашингтон или Берлин, ги осудуваат со претерување кое кај многу граѓани на Полска создава бес. Тие ја користат можноста уште повеќе да се намали и онака разнишаната верба во демократијата и тврдат дека не само Европа, економијата и одбраната мораат да се потчината на диктатот на власта, туку и сеќавањето. наместо рефлексија и дијалог, тие се определуваат за поларизација и курс на конфронтација. Тоа се движи кон подготовка за војна- засега, само вербална...

Коментарот на Хработа беше објавен во викенд изданието на „Речпополита“ на кое се наоѓа слика на Давидовата ѕвезда зад која се преплетени две знамиња, израелското и полското. Насловот гласеше: „Ние сме еден народ“.

Јас лично би отишол и чекор натаму. Дали воопшто ни е потребно сеќавањата да ги делиме според она што го сметаме за етничка припадност? Злосторниците секогаш се обидувале да им го одземат на своите жртви она што е индивидуално, човечко. Зарем токму за злото не може да се раскажува егзистенцијално? Националното, произволно етикетирање беше јазикот и алатот на сторителите. Време е дефинитивно да се разделиме од тој јазик.

Станислав Штрасбургер е роден во Варшава. Тој е писател и културен менаџер, тежишта во неговата работа се темите колективна меморија, миграција и мултикултурност. Живее во Берлин, Варшава и Бејрут.