1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мосад уби човек на Хамас во Сирија

27 септември 2004

Палестинската радикална организација најави одмазда со напаѓање на Израелците насекаде во светот

https://p.dw.com/p/Ad4I
Автомобилот на Калил по експлозијата
Автомобилот на Калил по експлозијатаФотографија: AP

Сирија го обвини Израел за тероризам откако бомба поставена во автомобил , уби еден висок претставник на палестинското милитантно движење Хамас во сирискиот главен град Дамаск.

“ Овој терористички акт преставува опасен развој на настаните , за што одговорноста паѓа на израелски плеќи”- ги цитираше сириската државна телевизија зборовите на претставник на властите во Дамаск , според кого , со нападот јасно се покажува намерата на Израел да ја потресе безбедноста и стабилноста во регионот.

Инаку бомбата која го уби 42-годишниот Калил , била поставена под возачкото седиште и експлодирала во моментот кога тој го запалил моторот. Атентатот се случил во населбата Ал Захера во сирискиот главен град. Тројца случајни минувачи биле повредени во експлозијата.

Палестински извори во појасот Газа соопштија дека Калил најверројтно бил одговорен за милитантното крило на радикалната организација Хамас , надвор од палестинските територии со оглед дека пред 12 години , Израелците го протерале оттаму. Меѓутоа извори од самиот Хамас , велат дека тој бил само еден од претставниците на организацијата надвор од Газа и од Западниот Брег.

Израелската телевизија , цитирајќи неименувани безбедносни извори во земјата , информираше дека Израел стои зад атенататот врз Калил.

Доколку навистина израелските агенти го извршиле нападот, тогаш тоа ќе биде само втор таков атентат кој во Сирија го организирала тајната служба Мосад во последните 30 години.

Портпарол на Хамас, групата која е заколната на борба за уништување на еврејската држава и која извршила голем број самоубистевни бомбашки напади во израел , изјави дека убиството на Калил , претставувало кукавички криминал извршен од ционистичкиот Мосад.

Тој дури најави и одмазднички напади врз израелските граѓани насекаде во светот.