1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можен напад во Ватикан?

28 август 2004

Италијанските безбедносни сили, според еден италијански весник, имаат укажувања за планиран напад врз Папата Јован Павле втори.

https://p.dw.com/p/Ad5y
Можен напад врз Папата?
Можен напад врз Папата?Фотографија: AP

Атентаторите, наводно, од Босна и Херцеговина, веќе влегле во Италија.

Предупредувањето дојде од италијанските карабинери, кои се стационирани во рамките на мисијата СФОР во Босна и Херцеговина. Наводите се дури и сосема конкретни. Според нив, терористичка група од Брчко е на пат, или е веќе влезена во Италија, пишува италијанскиот весник ”Кориере дела Сера”. Предупредувањата им се познати на безбедносните сили веќе неколку дена. Наводно се работи за десетмина атентатори, меѓу кои седум жени – исламисти од Босна, кои имаат големи количества пластичен експлозив од типот Ц4. Ваков вид експлозив употребувале и терористите на Ал Каеда. Дали групата има контакти со терористичката организација или дали можеби и и припаѓа, не е познато. Исламистите наводно планираат поголем напад за време на една верска церемонија, веројатно на плоштадот на Свети Петар во Рим.

Полицијата и царината, според Кориере дела Сера, ги зајакнале контролите на аеродромите, а особено границата кон Словенија. Закани со атентати во Италија има често. На исламистичките веб страници на интернет има редовно закани со атентати. Последната датира од 15 август.

Контролите на плоштадот Свети Петар се зајакнати уште од нападите од 11 септември во 2001 година. Посетителите мораат да минат низ метални детектори, а во меѓувреме, исто како на аеродромите мораат да ги предадат и малите џепни ножеви.