1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можен ли е прием на Хрватска во ЕУ во 2010?

Ален Леговиќ22 октомври 2008

Европската комисија има намера во извештајот за напредокот на Хрватска на патот кон прием во ЕУ, што ќе го објави на 5 ноември да даде условен датум за завршување на пристапните преговори со државата до крајот на 2009.

https://p.dw.com/p/Fede
Фотографија: DW Fotomontage

Изгледа дека не вроди со плод француското лобирање против давање временски план за завршување на преговорите , како што впрочен на хрватскиот премиер Иво Санадер претходно му најави претседателот на Еврокомисијата Жозе Мануел Барозо. Франција која претседава со ЕУ до крајот на годинава но и Германија и неколку други земји се противат на прием на нови членки се’ додека не се ратификува Реформскиот договор на ЕУ од Лисабон.

Брзиот прием на Хрватска-позитивен сигнал за другите земји од регионот

Претставници на комисијата во Брисел соопштија дека еврокомесарот за проширување Оли Рен смета на прием на Хрватска во ЕУ во 2010 година. Во Брисел се оценува дека доколку Хрватска успее да ги заврши преговорите до крајот на 2009-та , тоа би претставувало успех на сегашниот состав на Европската комисија и сигнал до останатите земји од југоисточна Европа дека и за нив се отворени вратите на Европската Унија доколку ги исполнат условите.

Меѓутоа и Хрватска дотогаш мора да мине уште неколку тешки пречки. Се очекува на 5 ноември Еврокомесарот за проширување Оли Рен во извештајот за напредокот на Хрватска на патот кон ЕУ да побара од официјален Загреб пред се да ја заврши реформата на правосудниот систем правосудниот систем и да ги прилагоди на европските стандарди, секоторите на бродоградителската и челичната индустрија. Се очекув и да биде упатено барање до Хрватска да ги зголеми напорите за сузбивање на корупцијата и борбата против организираниот криминал.

Словенија би можела да го блокира финишот на пристапните преговори меѓу Хрватска и Унијата

Во Брисел меѓутоа не се исклучува можноста дека Франција како актуелен претседавач со ЕУ би можела да ги успори пристапните преговори со Хрватска. На пример на претстојниот Самит на ЕУ во декември во Париз, лидерите на државите членки би можеле да се откажат од практиката за прифаќање на извештајот на Рен за Хрватска и наместо тоа од нив да се побара само да го земат предвид но не и да го усвојат. Освен тоа во Брисел се свесни дека Хрватска има уште една пречка на патот кон ЕУ, а тоа е соседна Словенија. Поради отворените прашања меѓу двете земји пред се околу границата , Љубљана се заканува со блокада на преговорите.

Некои дипломати изразија негодување дека Хрватска по кратка и брза постапка се „турка“ во ЕУ, додавајќи оти е добро познато дека претежно католичка Хрватска ја фаворизираат Германија, Австрија и Италија. Сепак истите дипломати признаваат дека Хрватска во помала мерка е соочена со организираниот криминал и корупцијата , отколку на пример Бугарија која како што многумина во ЕУ се согласуваат во 2007-ма премногу рано беше примена во Унијата.