Многу лавини на Алпите
14 јануари 2019Повеќе лавини во германската покраина Баварија и во Австрија денеска повторно ја потенцираа опасноста од екстремните снежни врнежи. Во скијачкиот центар Балдершванг, во регионот Алгој во Баварија, лавина со широчина од 300 метри денеска изутрина удрила во хотел и нанесла голема материјална штета. Среќа во несреќа: според првичните наводи, никој не е повреден во налетот на снежните маси.
За актуелната состојва во регионот повеќе во следнава галерија:
Ова е само една од повеќето лавини кои денеска го погодија алпскиот регион. Но, според наводи на метеоролозите, снегот треба да премине во дожд. Од неделата во австрискиот регион Тирол падна до 1 метар нов снег. За денеска се најавени натамошно 50-тина сантиметри. За утре се очекува привремен крај на снежните врнежи, потопло време и дожд. Но ваквите временски услови веќе создаваат проблеми во пониските региони пред Алпите. Во прв ред расте ризикот од поплави.