1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски ја обвини власта за политички прогон

ЕМФ / макфакс
9 јануари 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска соопшти дека пратеничката група на партијата одлучила да не учествува во работата на Собранието сѐ додека не се создадат услови за негово „демократско функционирање“.

https://p.dw.com/p/2qZN9
Mazedonien Hristijan Mickoski, Generalsekretär der Oppositionspartei VMRO-DPMNE
Фотографија: Petr Stojanovski

„Во моментов нема демократски амбиент за работа на Собранието. 12 проценти од пратеничката група сѐ уште се наоѓа во притвор, тоа се 5 проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам", рече Мицкоски.

Тој додаде дека Народниот правобранител констатирал дека при приведување на пратениците на 28 ноември минатата година е „повредено правото на пратенички имунитет“ и дека полициските службеници „не се придржувале до правните процедури за приведување“.

Според Мицкоски, „сето ова е доказ дека во Македонија има класичен политички прогон“ кон сите кои мислат поинаку од власта.

ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира работата на Собранието од средината на декември поради притворот на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.

Повеќе:

Собранието на работа, ВМРО-ДПМНЕ на тест

-Одобрено одземањето на имунитетот на собраниските „вратари“

-  Одземени телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди

До кохезија со амнезија за 27-ми април?

Шесте пратеници се дел од 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „загрозување на уставниот поредок и безбедноста", во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава.