1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мисијата на ЕУ на Косово продолжена за две години

AT/ макфакс13 јуни 2014

Европската унија за две години го продолжи мандатот на својата полициска и правосудна мисија Еулекс, којашто од 2008 година работи на зајакнување на правната држава во Косово.

https://p.dw.com/p/1CHgW
Фотографија: DW

Во рамките на очекуваното продолжување на мисијата на Еулекс на Косово до јуни 2016 година, 28-те земји членки на Европската унија се согласија дека треба да се развие рамката на мисијата којашто во прв ред ќе биде посветена на јакнењето на капацитетот на цело Косово, безбедноста и покренувањето на договорите склучени во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Брисел, соопшти Европската унија.

Паралелно, мисијата ќе го забрза преносот на своите активности на локалните институции и другите фактори на ЕУ, особено во сферата на правосудството.

Еулекс-мисијата досега се занимаваше со чувствителноста на прашањата за локалното правосудство, особено во врска со корупцијата. Мисијата во моментов има околу две илјади локални и меѓународни припадници и пет држави партнери, меѓу коишто се САД, Канада и Швајцарија.

Освен Еулекс, меѓународната заедница е активна на Косово и со воените сили на НАТО во мисијата КФОР, востановена во 1999 година, во времето по интервенцијата на Алијансата во текот на конфликтот на Косово.