Мисијата во Авганистан нема алтернатива
15 септември 2007Не се работи само за доброто на авгаистанскиот народ,туку и за безбедноста на Германија,аргументираше Меркел во врска со продолженото германско присуство во Авганистан.
Мандатите на различните мисии на германскиот Бундесвер во Авганистан треба да се најдат на дневен ред на Бундестагот во октомври и во ноември.Денеска во Гетинген се одржува и вонреден конгрес на партијата на Зелените под притисок на базата за да биде донесен евентуален заеднички став на партијата со кој ќе излезе во Парламентот.
Напад врз Бундесверот во Кундус
Синоќа радикалните Талибанци во предградијата на северноавганистанскиот град Кундус отвориле оган врз германскиот логор.Нема штети,загинати или ранети,изјави портпарол на Бундесверот во Кундус.Пред четири месеци во самоубиствен напад врз Бундесверот на пазар во Кундус загинаа тројца германски војници и осум авганистански цивили.
Ополномоштеникот на ОН за Авганистан Том Кенигс,потенцира дека самоубиствените атентати се се побројни.Во оваа година се извршени околу 100.Најмногу жртви има меѓу Авганистансците,цивили и особено полицајци:
"И тоа како терористичките акти така и самоубиствените атентати.А полицијата е секогаш на отворено,и претставува наједоноставна цел на напади.Полицијата преку овие напади само за последнава година изгуби околу 600 луѓе."
Бундесверот останува на север
А според зборовите на германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг Бундесверот и при засилена обука на авганистанските полицајци и војници не треба да оди во завојуваните региони,потенцира тој во денешен Фокус.
Бундесверот досега го има раководството со ИСАФ трупите во помалку немирниот север на Авганистан.Во јужниот дел на земјата,каде се почести нападите на Талибанците,ангажирани се осум германски војници како поддршка во единиците на другите партнери од НАТО.
Сојузот на Бундесверот според неговиот претседател Бернхард Герц смета дека германскиот ангажман во Авганистан уште долго ќе трае.Се плашам дека ќе треба да се размислува на рок од децении,изјави тој за Ноеоснабрикер цајтунг денеска.Се додека Авгснистанците не располагаат со полиција која ќе ја контролира целата територија и нема да биде корумпирана,не постои никаква оправдана причина за повлекување на меѓународните трупи,смета Герц.