1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минариња во Швајцарија - да или не?!

29 ноември 2009

Денеска (29.11.2009) Швајцарците на референдум треба да одлучат дали ќе се дозволи изградба на минариња во земјата. Ставовите на политичарите и мислењата на граѓаните за одржувањето на референдумот се различни.

https://p.dw.com/p/Kewo
Спорниот плакат: минарињата како „ракети“

Во ходникот на една мала куќа во градот Цирих се слуша повик за молитва. Но, во дворот на куќата е тивко, ништо не укажува на тоа дека таа се користи како џамија. Од далеку не може да се види ниту минаре. Махмуд Ел Гинди, член на циришката исламска задница, ги отвори за јавноста портите на неговата приватна џамија со надеж дека тоа ќе придонесе за промена на стават кон исламот во земјата: „За нас минарето е симбол за верска слобода. Луѓето понекогаш се плашат од исламот или муслиманите, најмногу поради политичките случувања во светот. Меѓутоа, ако тие дојдат тука и поразговараат со луѓето ќе видат дека исламот е мирољубива религија, исто како и сите останати религии“, објаснува Ел Гинди.

Во Швајцарија живеаат 400.000 муслимани

Schweiz Minaret Initiative
Протести на Швајцарците за изградба на минариња во земјатаФотографија: AP

Исламот во земјата е втора најраспространета религија во земјата по христијанството.

Меѓутоа, во Швајцарија има само четири мали минариња, а барањата за изградба на нови постојано се одбиваат. Швајцарскиот парламентарец и главен противник на изградбата на минариња Улрих Шлуер предупредува од принудни мажачки, отсекување раце или пак каменување. За него тие претставуваат прв знак за воведување на шеријатискиот закон: „Минарињата не се верски симболи, тие се политички став. Тоа е обид шеријатскиот закон да се изедначи со швајцарскиот закон. А, токму овие два закони се целосно контрадикторни.“, вели Улрих Шлуер.

Присутните на говорот се навидум убедени од аргументите на Шлуер. Повеќето од нив немаат никакво искуство со исламот, и се плашат од него: „Јас не сум против исламот како религија, меѓутоа сум против минарињата како симбол на нивната моќ, на превземање и освојување.

Јас сум верник и христијанин и не сум против мислиманите, но се противам на обидот да се наметне нивниот шеријатски закон, пред законот што важи во нашата држава.“

Изразување предрасуди

Schweiz Zürich Stadtansicht
Во Цирих се наоѓа приватната џамија на Махмуд Ел ГиндиФотографија: RIA Novosti

Во швајцарската исламска заедница членуваат луѓе од Балканот или Турција, а во овие земји не се применува шеријатскиот закон. Претседателот на исламската асоцијација во Цирих, Танер Хатипоглу, смета дека дебатата за верската слобода се користи за да се изразат предрасудите кон исламската заедница: „Оваа кампања е насочена против исламот и муслиманите. Исламската заедница во земјата е маргинализирана и сметам дека тоа е многу опасно.“, вели претседателот на исламската заедница Хатипоглу.

Владата во Швајцарија стравува дека референдумот ќе ги наруши внатрешните односи, и ќе влијае врз надворешно политичките односи со муслиманските земји во светот. Многумина во Швајцарија сметаат дека без разлика на резултатот од референдумот, кампањата против изградбата минариња предизвика огорченост кај 400.000 муслимани во земјата.

Автор: Имоген Фоулкес / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска