1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски на чело на мисија на ОБСЕ во Белорусија

АТ/ макфакс10 август 2012

Поранешниот шеф на македоснката дипломатија и пратеник во македонското Собрание Антонио Милошоски ќе ја предводи набљудувачката мисија ОБСЕ ОДИХР за изборите во Белорусија.

https://p.dw.com/p/15nZR
Антонио МилошоскиФотографија: DW

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија и актуелен пратеник, Антонио Милошоски назначен е за шеф на набљудувачката мисија ОБСЕ ОДИХР за парламентарните избори во Белорусија.

Заменик на мисијата ќе биде претставникот од САД, Доналд Бисон, мисијата ќе биде составена од аналитичари од Полска, Србија, Ерменија и Италија.

Парламентарните избори во Белорусија закажани се за 23-ти септември, а мисијата на ОБСЕ се очекува да пристигне во Минск на 21-ви август.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во јуни, кога ги распиша изборите за 23-ти септември, порача дека властите нема да прифатат никакво мешање од странство, но оти ќе бидат поканети меѓународни набљудувачи.

Ова ќе бидат први избори по претседателските одржани пред две години на кои победи Лукашенко, што предизвика бран протести и затворање на опозициските лидери.