1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Рамноправност

Роми херои од секојдневниот живот

Марија Богдан
8 април 2022

Резилентност е способност да се справите со кризи и стрес на здрав начин. За тоа сведочат Синти и Роми кои се успешни и покрај сите пречки.

https://p.dw.com/p/49eVz
Ungarn | Poster | Roma Heroes Festival & Golden Band Prize
Фотографија: Roma Press Center / Independent Theater Hungary

Трауматските искуства со кои се соочија Синтите и Ромите претходните децении му дадоа посебно значење на концептот на самозајакнување. Тие до ден-денес се соочуваат со стереотипи, а само некои од нив успеваат да изградат избалансиран живот и покрај препреките.

Ова доведе до промена на фокусот - промена од барањето признание од општеството кон самоовластување и самозаздравување. Оваа нова основа на ромското движење има за цел да го врати авторитетот врз сопственото претставување и продукција на знаење.

Клуч за оспорување на стереотипите

Професорот Јан Хенкок беше еден од првите научници од ромската заедница, кој таквиот акт на осамостојување го нарече вербалнно спротивставување. Според него, тоа е клучот за оспорување на стереотипите и угнетувањето што произлегува од нив.

Ако тврдам дека тука се работи за конструирање позитивен идентитет, можеби многумина ќе доведам во заблуда. Особено затоа што оваа промена има свои корени токму во тоа да се напушти светот на бинарна опозиција и да се бара враќање на слободата на сопствениот идентитет.

Ungarn | Dr. Maria Bogdan, Sozialwissenschaftlerin
Авторката на есејот Марија БогданФотографија: Zoltan Adrian Kepszerkesztoseg

Овој обид ни овозможува на сите да видиме дека не сме детерминирани од стереотипи стари стотици години. Насочен е кон оние кои не се Роми во смисла на рефлесија, па дури и преиспитување на сопствениот став, што досега не се случило. Наместо тоа, по правило, сопствениот став автоматски се прогласува за доминантна позиција, што се однесува до односот кон Ромите.

И локалните и наднационалните ромски организации изминатата деценија развија иновативни проекти поврзани со идентитетот. Сите тие применуваат силен метод на раскажувачки вештини (Storytelling), со цел да се претстават личности и ликови од ромската заедница, чии достигнувања го збогатиле општеството. Притоа, тие користат сопствени зборови за да формулираат претпоставки, анализи и свои биографии.

Стипендии за ромски семејства

Промената на перспективите служи за напуштање на стереотипот на жртвата, кој долго време е доминантен начин на претставување на Синтите и Ромите. Овие приказни ни кажуваат дека ова е една од основните пречки за заедниците што мора да се надминат.

Овие проекти покажуваат дека во историјата на Ромите отсекогаш се работело на надминување на тешкотиите и учење од овие искуства за да се излечиме од траумите. Акумулираното искуство и знаење мора да се зачуваат за следната генерација, за таа да расте. Аспектот на издржливост го проширува дискурсот за ромскиот идентитет и допира до теми надвор од етничката припадност, сè до идентификации со модерни родови перспективи и феминистички пристапи.

Зошто е важно да се зборува за издржливост? Затоа што е невозможно да се изгради идентитетот на заедницата или движењето на негативност. Унгарија е добар пример за тоа.

„Рома Рок Скул“: Со музика до подобра иднина

Инспирација за другите

Во серијата расистички напади на неонацистички терористи во 2008 и 2009 година, таму беа убиени шестмина Роми. Беше јасно дека надминувањето на овие трауми ќе бара голем напор. Затоа, важно беше на неромското население да му се објасни дека расистичките убиства го потресуваат целото општество.

Во тоа време беа создадени неколку необични проекти. Во еден од нив се најдоа успешни Роми како инспирација за другите членови на ромската заедница. Ромскиот прес-центар во Унгарија ја организираше номинацијата и изборот на овие лица преку социјалните мрежи.

На победниците им беше врачена наградата „Златна лента“. Името го добила по изјавата на ромско-унгарскиот сликар Тамаш Пели, кој се идентификувал и со неговите ромски и унгарски корени: „На моето чело има две златни ленти - првата го симболизира мојот ромски идентитет, а втората унгарскиот“. Сите учесници се наречени „Роми херои од секојдневниот живот“.

Ungarn | Gewinner des ungarischen "Golden Band Prize"
Добитниците на „Златна лента“ во УнгаријаФотографија: Miklós Déri/Roma Press Center

Тоа е симболично признание за издржливоста на ромската заедница - тие беа доволно силни за да бидат успешни во општество каде што шансите не се еднакви и каде некои луѓе се маргинализирани. Овој чин на ромската сцена во Унгарија е одамна потребен. Тој ги засили не само наградените Роми, туку и сите кои учествуваа и присуствуваа на процесот.

Приказните беа раширени на социјалните мрежи, но некои добитници на награди го искористија и медиумското внимание за да организираат добротворни настани за да направат нешто добро за ромската заедница.

Ромот кој предава бугарски јазик во Кобленц

Независен театар Унгарија постои 15 години, а од 2017 година го организира фестивалот Ромски херој. Тој ќе се одржи од 5 до 9 мај годинава. Тоа е единствениот меѓународен ромски театарски фестивал во светот.

Овде настапуваат автори, актерки и актери кои ги споделуваат своите искуства со публиката, правејќи ја секојдневната борба на ромската заедница видлива со нивната уметност. Секоја изведба е различна. Некои користат сарказам, други се шегуваат. Но, очигледно сите тие зборови се лек за публиката, но и за уметниците.

#dw_BalkanBooster: Фирма со посебна цел

Организаторите на фестивалот велат: „Покажуваме поинакво лице на нашиот континент. Со овој фестивал, театарот му обезбеди место на литературниот жанр „ромска дарма“ во европската литература. Дидактички методи се развиваат со години, за да може да се раскажуваат приказни на универзитетите и училиштата. Овие методи ги прошируваат можностите за размислување и дејствување на учесниците во дискурсот за културата.

За публиката која ги пропушти претходните фестивали, театарот објави две збирки ромски драми за хероите: „Пет европски монодрами“ и „Пет европски драми“.

Кога ги читаме, сфаќаме дека хероите се создаваат од издржливоста. Тие се издигнуваат над проблемот за да ги постигнат своите цели, додека бараат начин да го споделат своето знаење и да ги инспирираат другите на кои тоа им помага да се развијат. Така ни станува јасно дека сите Роми се херои. Секој од нас може да биде херој.

Марија Богдан е социолог и теоретичар на медиуми. Последниве години се занимава со социјалните мрежи во контекст на ромското движење. Ова е трет есеј од триделниот циклус „Гласот на бојата“ за отпорот, припадноста и издржливоста како централни концепти на ромското движење. Автороката анализира значајни уметнички и културни дела во ромската заедница. Оригиналните есеи беа објавени на ромски и англиски јазик на веб-страницата: romblog.net

Есејот е објавен како дел од програмата за стипендии NewsSpectrum, чии партнери се IPI, MIDAS. ERIAC и DW.