1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународен ден на индигените народи

9 август 2006

Дали Абориџини во Австралија или Индијанци во САД – на сите континенти живеат околу 5 илјади различни таканаречени индигени народи. 340 до 400 милиони пражители главно се наоѓаат пред исти проблеми: одземање на земјиштето, грабеж на суровините, уништување на нивниот јазик и култура. Од 1994 година во Обединетите нации се прават напори да им се подобри ситуацијата: со меѓународен ден и со една спорна повелба:

https://p.dw.com/p/Aes5
„Интересни„ за публиката само како егзотика: традиционален индијански танц посветен на риболовот
„Интересни„ за публиката само како егзотика: традиционален индијански танц посветен на риболовотФотографија: AP

Светски ден на здравјето, меѓународен ден на мирот или токму „меѓународен ден на индигените народносни групи во светот„. Во оваа година Обединетите нации имаат 64 меѓународни денови. Најчесто со намера да се подобри некоја ситуација. Што ќе се случи на меѓународниот ден на индигените народи, објаснува Тео Ратгебер од „форумот за човекови права„, една од германските групи за човекови права:

„Во Обединетите нации во Женева половина ден култура кога индигените ќе се обидат да го привлечат вниманието или со музика, или со игри и други уметнички изрази. Има голем број различни настани кои треба да привлечат внимание„.

Покрај настаните, денот сепак треба да донесе многу повеќе, вели Ивон Бангерт од Друштвото за загрозени народи:

„За сите овие народи овој ден има голема симболичка вредност и е важен зашто на тој начин имаат чувство дека се почитувани и на меѓународно ниво. Посебно е важно да привлечат внимание за нивната работа во јавноста„.

Индигените народносни групи од Обединетите нации немаат само еден ден, туку добија цела декада: меѓународната декада на автохтоните, односно индигените народносни групи во светот. Траеше од 1994 до 2005 година. Меѓутоа, не се случи многу, вели Ратгебер од „формуот за човекови права„. Не беше постигната целта да се усвои заедничка Повелба за заштита на човековите права на индигените:

„Всушност, се случи спротивното: козметика, ништо повеќе. Обединетите нации сега по втропат прогласија декада во полза на правата на иднигените народи, а она што се случи во првата може да се изброи на прстите на една рака„.

Во втората декада, по 11 години дебати, новоформираниот Совет за човекови права на Обединетите нации во јуни годинава успеа да подготви работна верзија на Повелбата за човековите права на индигените народи. Меѓутоа, членки од тежок калибар како Русија и Канада го одбија предлогот. Се води битка со сите средства, зашто станува збор за јасни интереси: за суровини и пари. Без оглед дали станува збор за нафтата во Северна Америка, за тропските дрвја во Јужна Америка, за ураниум или железна руда во Австралија: многумина политичари страхуваат пражителите да не ги прогласат своите територии за независни или да бараат високи обесштетувања.

И покрај отпорот, предлог-повелбата во ноември или декември ќе се најде на гласање пред Генералното собрание на Обединетите нации. Никој не сака да прогнозира што ќе се случи. Но, што ќе се случи ако Повелбата биде одбиена за Тео Ратгебер е многу јасно. Тоа ќе биде привремен крај на сите напори:

„Тогаш оваа тема ќе биде одолговлечена со години. Никој нема да сака да се занимава со доработка на текстот, ниту некој ќе иницира дебата за него зашто за одделни влади тоа ќе биде опасност дури и да паднат„.