Меѓу уметност и криза
19 септември 2014Дури и „Graphic Novels“ сѐ посилно се инспирираат од социјалните и политички теми.
На средината на 1970 во Индија силно беа ограничени основните демократски права. Илустрациите во книгата „Delhi Calm“ ја обработуваат оваа епоха, како што на публиката и објаснува авторот Виш Ваи Јоти Гош.
Но, и актуелните кризи претставуваат интересна позадина за новите книги- тренд, кој се чувствува во сите литературни жанрови.
Улрих Шрајбер, директор на литературниот фестивал подвлекува: „Дали се работи за граѓанската војна во Сирија или за фундаментализмот во Субсахара, миљето со дрога во Мексико - тоа се теми со кои се занимаваат многу автори и ги преточуваат во романи и кои повторно се наоѓаат во песните“.
Исто така и истражувачкото новинарство наоѓа место на фестивалот. Репортажите од воените и кризните области, според мислењето на организаторите на фестивалот, не можат да се изостават, за да се разбере светот. И со оглед на ситуацијата во многу земји расте и нивното место во литературата.
„Повеќе може да се смета на влошување. Ако се погледне само последната половина година или последните две години, што се случи во Сирија и во Ирак, тогаш може да се стравува само од најлошото“, вели Шрајбер.
Слично гледиште имаат многумина автори. Андреј Курков раскажува за случувањата во неговиот роден град по избор Киев. Неговиот „Украински дневник“ се чита како протокол, само многу повозбудливо. Се чини дека продолжување е неизбежно.