1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меч - топка за Бајерн Минхен

Кале Копс / Елизабета М. Фиданоска6 април 2013

Со победа во Франкфурт против Ајнтрахт, Бајерн Минхен денеска (06.04) би можел да ја освои дефинитивно најбрзо титулата првак на Германија во историјата на фудбалската Бундеслига.

https://p.dw.com/p/18AuS
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Се‘ е во раце на играчите на Бајерн. Потребна е само уште една победа и минхенчани веќе сега ќе го освојат првото место на табелата и ќе станат шампиони во Бундеслигата за 2013-та. Ајнтрахт Франкфурт, кој оваа сезона се приклучи во првата лига, досега се покажа исклучително добро, но, покрај сета почит, три бода во Франкфурт за тимот рекордер во титули, не би требало да бидат проблем. Тоа би бил и нов рекорд на фубалерите на Бајерн, зашто никогаш досега првенството не било решено толку рано.

Во Дортмунд одамна на работите се гледа реално, така што Борусија која заостанува со 20 бодови зад Бајерн, има за задача само да го осигура второто место на табелата и да го држи третопласираниот Бајер Леверкузен зад себе. Пред натпреаврот против Аугсбург, кој е 16-ти на табелата, одбранбениот играч на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ, вели: „Мислам дека мора да бидеме трпеливи. Аугсбург ќе оди малку повеќе на контра напади и мора да сме подготвени на тоа.“

Fußball Champions League Malaga CF gegen Borussia Dortmund
Невен СуботиќФотографија: picture alliance/dpa

Уште седум екипи сакаат во Европа

Зад првите три екипи, уште најмалку седум тимови имаат надеж дека ќе се пласираат во Европа Лигата. Најмногу надежи за пласман има четвртиот на табелата - Шалке. Но фудбалерите на Шалке мора да играат против Вердер Бремен, а тие немаат постигнато победа веќе шест кола и се под голем притисок да покажат резултат. Задачата на Шалке нема да биде лесна, тоа го знае и тренерот Јенс Келер: „Тие се во нападот многу опасни. Во моментов не стојат добро на табелата, но во сабота, против нас, пред домашна публика, ќе настојуваат да се извлечат.“

Fußball 1. Bundesliga Fortuna Düsseldorf gegen Bayer Leverkusen
Играчите на Бајер Леверкузен Симон Ролфес (л.), Андре Ширле и Штефан Кислинг (д.)Фотографија: picture-alliance/dpa

Добри изгледи за квалификации во Европа Лигата има и Мајнц. Утре се игра против Нирнберг. Мајнц сега е на шестата позиција на табелата, со ист број бодови како Фрајбург. Уште два тима се аспиранти за меѓународните натпреварувања и тие во ова коло играат еден против друг. Веќе споменатиот Фрајбург игра против Хамбургер. Во Хамбург, кадешто се игра натпреварот, најмногу се зборува за тоа дали тимот ќе се опорави од катастрофалниот пораз од минатото коло од Бајерн Минхен од 9:2.

Во Европа сакаат и Борусија Менхенгладбах и Хановер 96, кои во моментов се на 9. и 10. место на табелата. Борусија игра на домашен терен против последниот на табелата Гројтер Фирт, а Хановер дома го пречекува Штутгарт.