1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Место за фудбалски аџилак

ЕМФ/дпа/сид6 април 2014

Во Дортмунд при крај е изградбата на германскиот Фудбалски музеј. За околу една година тој треба да ги отвори вратите за посетителите. Претставници на политиката и спортот веќе фрлија поглед во внатрешноста на музејот.

https://p.dw.com/p/1Bcm4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пехарот од Светското првенство, златниот медал на Франц Бекенбауер од 1990 година, копачката на Герд Милер од 1974 година, кога беше прогласен за најдобар стрелец и топка потпишана од оние кои се заслужни за „чудото од Берн“ од 1954 година. Со предметите кои имаат големо значење во германската фудбалска историја во Дортмунд во петокот (4.04) беше „осветен“ Фудбалскиот музеј.

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Волфганг Нирсбах, им се заблагодари на сите кои учествуваат во градењето на музејот, местото кое треба да биде „дом на германската фудбалска историја“.

Planung DFB-Fußballmuseum Dortmund
Вака на крајот, според планот на архитектите, треба да изгледа музејотФотографија: DFB-Fußballmuseum

Пред околу 200 гости од политиката и спортот, министерката за спорт на покраината Северна Рајна Вестфалија, Уте Шефер, рече: „Овде, во Северна Рајна Вестфалија фудбалот се сака и за него се живее.“ Министерката е убедена дека проектот ќе биде успешен. „Музејот ќе биде магнет за гости од цела Германија“, рече таа.

Покраината Северна Рајна Вестфалија учествува со вкупно 18,5 милиони евра во изградбата на музејот, додека ДФБ дава 7,5 милиони евра. Десет милиони евра доаѓаат од спонзори, како Адидас и Мерцедес. Музејот се простира на површина од 7700 метри квадратни.