Меси се појави во судница
2 јуни 2016Судскиот процес против Лионел Меси, кој пет пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот, почна на 31 мај. Меси, кој денеска дава изјава, не се појави на првите два дена од судскиот процес, затоа што не беше обврзан да го стори тоа. Лионел и татко му Хорхе Меси се обвинети од страна на шпанските даночни власти за затајување данок во висина од 4,2 милиони евра, во периодот од 2007 до 2009 година. Вчера даночниот советник на светската фудбалска копачка број еден го растовари малку својот клиент. Анхел Хуарез во судот изјави дека „никогаш не му објаснил ништо“ на Меси.
Обвинителството пледира процесот против Лионел Меси да биде запрен, а во случајот со татко му бара казна затвор од 1,5 година. За разлика од обвинителите, адвокатите на Управата за јавни приходи бараат казна затвор и за фудбалерот и тоа во траење од 22 месеца.
Лионел Меси, инаку, во изминатите денови беше на подготовки заедно со аргентинската репрезентација за Купот на Америка, кој треба да се одржи од 3 до 26 јуни во САД.