1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Работата во Авганистан не е завршена

С. Недевски/АМ/дпа/ртр10 мај 2013

Германската канцеларка Ангела Меркел во придружба министерот за одбрана Томас де Мезие ненајавено го посети Авганистан. Во Масар-и-Шариф и во Кундуз им одаде почит на сите загинатите војници на Бундесверот.

https://p.dw.com/p/18Vqg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сојузната канцеларка Ангела Меркел дојде во посета на војниците од Бундесверот во тежок момент. Таа веднаш по доаѓањето во базата во Кандуз му оддаде почит на неодамна загинатиот германски војник. Пред собраните припдници на Биндесверот изјави дека оваа смрт во свеста на сите го врежала фактот оти мисијата во Авганистан не носи само разни обрски, туку и голем ризик.

Војник на елитната единица на Бундесверот КСК е убиен во саботата (4.5.2013.) во покраината Баглан. Оваа единица имала задача да им даде поддршка на авганистанските сили на сигурност во судирот со талибанците. Тоа е прва жртва меѓу германските војници од јуни 2011 година наваму. До сега во Авганистан загинаа 53 припадници на германската војска.

Сојузната канцеларка Ангела Меркел посетата на Авганистан ја започна со престојот во Масар-и-Шариф, каде стигна утрината, во придружба на министерот за одбрана Томас де Мезие. Во овој град се наоѓа најголемиот контингент на германска војска во таа азиска држава. Посетата, инаку, беше планирана и пред загинувањето на војникот од Будесверот, но секако тој случај и’ даде ново значење.

Поддршка од владата во Кабул

Престојот во Авганистан канцеларката го искористи за да ја потврди поддршката на владата во Кабул од страна на Германија, но и очекувањата од таа влада да спроведе реформи. „Ние сигурно ќе водиме сметка за тоа дали се продолжува процесот на реформи“, изјави таа.

Merkel in Afghanistan
Фотографија: picture-alliance/dpa

Како најважни задачи ги наведе подготовката на претседателските избори, кои се одржуваат во април наредната година, и развојот на економијата. „Сето ова за сега се одвива премногу бавно, побавно отколку ние би сакале“, рече Меркел и додае: „Но, исполнувањето на тие задачи е неопходно за да може воениот ангажман да заврши со успех“.

Министерот за одбрана Томас де Мезие во пресрет на посетата исто така истакна оти работата во Авганистан не е завршена.

„Останаа многу работи да се сторат. Мораме да ги обучиме локалните безбедносни сили, да го поттикнеме економскиот развој и да помогнеме да се воспостават органите на власт. Но, очигледно и да ја продолжиме борбата“, рече германскиот министер.

Крај на ангажманот на Будесверот: 1.1.2015.

Германија во Авганистан има трет по големина контингент на странски трупи, веднаш зад САД и Велика Британија. Борбените активности на НАТО во таа земја би требале да бидат завршени на 1.1.2015. Де Маизие во средината на април најави дека потоа на Хиндукуш ќе останат само 600 до 800 германски војници.

Нивните задачи ќе бидат обука, советување и поддршка на авганистанските сили за безбедност. Министерот најави оти седиштето на трупите кои ќе останат и понатаму ќе биде Масар-и-Шариф. Моментално таму се наоѓаат 4.300 припадници на Бунесверот.