Меркел предупреди од натамошна поделба на Европа
24 јуни 2016Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел одлуката на Британците за истапување од ЕУ ја проследи со зборовите: Тука нема што да се заобиколува. Денешниот ден е удар за Европа, удар за европскиот процес на обединување“ Таа додаде дека ситуацијата треба да се анализира мирно и трезвено. Како реакција на на исходот од британскиот референдум, Меркел за понеделник (27.6.) најави и оддржување на кризен состанок на кој ги покани претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, италијанскиот премиер Матео Ренци и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Погледнете го вебвидеото од обраќањето на Меркел по повод исходот од референдумот во Велика Британија: