1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел бара крај на спорот околу населбите

АТ/ афп/ дпа/ епд/ртр25 февруари 2014

Германската влада се залага за напредок во блискоисточниот мировен процес, и покрај политиката за населбите на Израел. Бојкот, според Меркел, не е решение. Нетанјаху, пак, се залага за поостри преговори со Иран.

https://p.dw.com/p/1BFEt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрла повиците за бојкот против Израел како рекација на спорното градење на населби на територија на Палестинците. Тоа за Германија не е опција, рече Меркел при германско-израелските владини консултации во Ерусалим. „Уверени сме дека бојкотите не може да бидат одговор за да се поттикне мировниот процес“. Тоа било можно само со преговори.

Канцеларката ја повтори целта за решение со две држави. Меѓусебното признавање на една палестинска и една изралска држава било предуслов за тоа. Меркел меѓутоа повторно јасно ја изрази загриженоста на Германија поради изградбата на населби: „Се надевам дека проблемите можат да бидат надминати и дека тоа нема да стои на патот на склучување на договор“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од своја срана исто така ги осуди повиците за бојкот од некои групи за човекови права: „Постои еден пат да се запре мировниот процес: да се бојкотира израелската држава“. Имено ова само ја зајакнувало непопустливоста на палестинската страна и го заслабнувало Израел. Тој лично бил подготвен за опсежно склучување мир. Предуслов за тоа меѓутоа било признавање на Израел како еврејска држава.

Израелскиот премиер повторно предупреди и на атомсаката програма на Иран. Техеран морал да биде спречен во тоа, да стекне ресурси за производство на атомско оружје, рече Нетанјаху. И под претседателот Хасан Рохани Техеран не ја променил политиката, предупреди Нетанјаху. Иран повикувал на уништување на Израел и го поддржувал режимот на Башар ел Асад во Сирија.

Меркел го отфрли ова максимално барање. Во рамките на атомските разговори со Иран ќе биде прифатливо збогатување на ниско ниво. Исто така не се работи за идеално решение, туку се стреми кон состојба, која ја штити како безбедноста на Израел, но исто и на Европа, рече канцеларката и шефица на Христијано-демократската унија.

Германската канцеларка заедно со речиси целиот владин кабинет отпатува во Ерусалим на петтите германско-израелски владини консултации. Двете земји донесоа заклучок да ги подобрат меѓусебните контакти. Во заедничкото соопштение и двете влади подвлекоа дека Германија и натаму се произнесува за својата историска одговорност за Израел.

За нејзините заслуги за германско-израелското пријателство канцеларката Меркел е одликувана со највисокиот орден на израелската држава.