1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мексико: Политичарите се вплеткани во масакрите

Ева Уси/ Јан Д. Валтер/ Жана Ацеска18 октомври 2014

Откако без трага исчезнаа 43 студенти, мексиканското цивилно општество се мобилизира против неангажираноста на владата. На потег е и меѓународната заедница, вели за Дојче веле Едгардо Бускалиа.

https://p.dw.com/p/1DY3r
Фотографија: Reuters

Дојче веле: Што треба да преземе мексиканското цивилно општетсво за да ги ослаби картелите?

Едгардо Бускалиа: Луѓето треба да излезат на улиците на протести и на мирен начин да ја парализираат економијата. Тие мора да ја принудат мексиканската влада да ја исчисти мексиканската држава од политичарите поврзани со криминалните групи. Но, важно е тоа да се направи мирно. Ако се запали владината зграда, тоа на политичарите ќе им биде само мотив за да реагираат со репресии.

Зошто Мексикалнците уште одамна не се побунија?

Веќе осум години ја истакнувам нужноста од тоа. Жал ми е што тоа не се случи пред да не‘ погоди овој цунами од крв кој ја заплисна земјата. Мексиканското цивилно општество, за жал, е многу поделено и фрагментирано. Постојат некои храбри луѓе како пасторот Алејандо Солалинде, но постојат и корумпирани организации кои се богатат со парите од помошта за развој од сојузната и покраинските влади.

Луѓето треба да ги опколат владината и зградата на Конгресот и да достават листа со барања. Мораат да останат таму додека барањата не се реализираат. Тоа ќе го разбуди и вниманието на меѓународната заедница. Мора да се создаде притисок за нешто конечно да се промени.

А какви барања треба да се постават?

Прво е потребно кривично гонење на непотизмот, проневерите и малверзациите со јавни пари, зашто тоа се најчестите корупциски кривични дела. Но, претходно треба да се изврши типизација на конфликтите на интереси и нејзино вградување во кривичниот законик, како што е случај во Канада, Јапонија, Франција и Германија. За гонење на овие дела секоја сојузна држава треба да назначи независни истражни органи. Италија, Индија и Колумбија на овој начин постигнаа големи напредоци-во италијанскиот парламент и во колумбискиот конгрес две третини од пратениците од сите партии беа процесуирани односно сменети. Но, тоа функционира само со масивен притисок од цивилното општество, зашто меѓу мексиканските политичари владее договор за неказнивост.

Edgardo Buscaglia Experte Organisierte Kriminalität Flash-Galerie
Едгардо БускалиаФотографија: DW

Постои ли такво нешто вистински?

Карлос Наварете, претседател на Партијата на демократска револуција пред неколку дена самиот го призна тоа. Се разбира, овој договор никој го нема потпишано, тој егзистира премолчено, онака како што тврдам со години.

Дали тогаш воопшто би функционирале предложените органи?

Ако не успеат националните институции, може да биде формирана наднационална, со помош на ОН, како Меѓународната организација против неказнивоста во Гватемала.

Корупцијата е еден проблем, друг е насилството...

Корупцијата е татко и мајка на организираното насилство во Мексико. Политичарите бараат врски со организираниот криминал за да ги елиминираат своите противници. Тие се вплеткани во масакрот кој го вршат картелите.

Корупцијата е поттик за мексиканските и меѓународните банди да се населат во Мексико, од средна и јужна Америка, па дури и од Европа. Мексико е рај на земјата засекоја криминална група, зашто таа заработува на корупцијата и практично не мора да стравува од казна од страна на судството.

Значи, ако се спроведе успешна борба против корупцијата, му се одзема плодната почва на организираниот криминал, како што се случи во Колумбија. На крајот остануваат можеби 300 до 400 помали групи, но тие не би биле дораснати на мексиканската држава, ккао што се сега картелите.

Каква улога игра притоа меѓународната заедница?

Постои пасивно соучесништво од странана ЕУ и владите на земјите-членки, вклучувајќи ја и германската. Големите концерни од овие земји постигнуваат високи профити и имаат важни фабрики во Мексико. Тие оперираат на политички протежиран пазар, затоа дома кажуваат колку е прекрасно Мексико, а на своите влади им даваат до знаење дека се‘ треба да остане онака како што е. Меѓународната заедница постапува небрежно со Мексико, зашто парите и‘ ја поматуваат свеста.

Што треба да се направи?

Не се работи за раскинување на односите со Мексико. Но, Германија треба да го стави Мексико под притисок исто како што постапи со Колумбија, кога таму во 1980-те и 1990-те години беа пронајдени масовни гробници. Германија и ЕУ тогаш беа првите кои извршија притисок врз Колумбија. Сега истото треба да го сторат и со Мексико, за тамошното цивилно општество да не се чувствува оставено само на себе. Во спротивно, масакрите ќе продолжат.

Едгардо Бускалија работи на Колумбија универзиттеот во Њујорк, каде го истражува влијанието на економијата и правоот врз развојот наземјите. Тој се смета за едне од најреномираните експерти за прашања на корупција и организиран криминал во Мексико. Во интервју за Дојче веле тој зборува за испреплетеноста на политиката со организираниот криминал, пакт на неказнивост, како и задачите на меѓународната заедница.