1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Масовни протести против уништувањето на хемиското оружје во Албанија

БГ/миа14 ноември 2013

Во повеќе градови во Албанија денеска се одржаа протести против најавите дека во договор со САД, властите во Тирана ќе дозволат уништување на сириското хемиско оружје на нивна територија.

https://p.dw.com/p/1AHdJ
Фотографија: DW/Arben Muka

Масовни протести против уништувањето на сириското хемиско оружје во Албанија се одржаа денеска во Тирана и во други албански градови. Во организација на невладини организации, на протестите е побарано владата на Еди Рама да ги прекине преговорите со САД за уништување на хемиското оружје.

Во меѓувреме, претседателот на најголемата опозициска партија, Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша побара премиерот Рама да каже „не“ на барањата хемиското оружје да се уништува во Албанија. Тој побара да биде распишан референдум, ако Владата се согласи со барањето на САД.

Во Тирана расте бројот на луѓето кои се приклучуваат на протестите, а Владата побара од опозицијата да не провоцира протести со политичка конотација. Владини извори наведуваат дека во текот на 24 часа ќе се соопшти конечниот став на Тирана за уништувањето на оружјето - дали ќе се случи во Албанија или не.

Група невладини организации, со гас маски протестираа и пред албанската амбасада во Скопје. Со слоганот: „Да му кажеме НЕ на хемиското оружје“ тие ги поддржаа граѓаните во Албанија и порачаа дека тоа ќе значи уништување на здравјето на луѓето и во Македонија.