Маскотите на Светските првенства во фудбал
Ниту едно големо спортско натпреварување не минува без маскота. Сето започна во 1966 година кога се појави англискиот лав Вили. Со годините организаторите често се копираа и ретко кога се надминаа. Но, пресудете сами!
Англија 1966: Оригиналниот Вили
Вили се смета за татко на сите маскоти. Тој беше една од првите фигури, кои репрезентираа некоја спортска манифестација. Маскотата на Светското првенство 1966 година во Англија беше првата која беше комерцијализирана. До денес, Вили е заштитена марка на англискиот фудбалски сојуз (ФА).
Мексико 1970: На телевизија со сомбреро
Хуанито во 1970 година во Мексико го наследи Вили. Едно мало момче со типично сомбреро во мексикански дрес. Хуанито беше првата телевизиска ѕвезда меѓу маскотите. Во 1970 имено за првпат се пренесуваше Светското првенство на телевизија.
Германија 1974: Две маскоти
Со Тип и Тап Германија во 1974 година за првпат претстави две маскоти на едно СП. Или подобро кажано еден неразделен пар. Сеедно дали на приврзок за клучеви, сликички за лепење или како на фотографијата на Олимпискиот стадион во Минхен - гумени фигури - речиси постојано тие се појавуваа заедно и отпоздравуваа.
Аргентина 1978: Каубоец со камшик
Исто така и Гаучито од Аргентина беше облечен во националните бои. Неговиот создавач, покрај задолжителната фудбалска топка го опреми со каубојска шапка, и камшик, онака како што носат големите Гаучито, овчарите кои живеат во аргентинските тревни степи (пампа).
Шпанија 1982: Маскота со ТВ серија
Со портокалот дизајнерот Хозе Пацеко сакаше да ги избегне клишеата за шпанските фламенко и тореро и затоа се одлучи за типичниот извозен производ. Со успех: уште во 1982 година портокалот стана јунак во цртана серија со 26 продолженија на шпанската телевизја и во неговата татковина до денес се смета за икона на 80-тите.
Мексико 1986: Лута пиперка со брада
Мексиканците 16 години по првото СП повторно стоеја пред задачата да креираат сосем нова маскота. Тоа само делумно им успеа: Како и Шпанците и тие одбраа типичен производ за земјата: лута пиперка од сортата халапенијо. Маскотата Пике и шапката ја позајми од неговиот претходник, сонародниот Хуанито. Сепак, Пике е единствената маскота, која досега носела брада.
Италија 1990: Чао
Нешто навистина ново беше маскотатата за СП во Италија: Со маскотата Чао тие успеаја да направат нешто што дотогаш никој не го направил, маскота која не е „жива“. Преплетувањето на зелено-бело-црвените делови се состоеше од буквите I, T, A, L, и Y .
САД 1994: Куче во главна улога
Во 1994 година познатите Вернер Брадерс се одлучија да го поддржат животинскиот маркетинг и за маскота го одбраа најдобриот пријател на човекот. Страјкер се вика кучето кое го преставуваше првенството во САД. А што им е заедничко на кучето со САД или барем со фудбалот, за тоа до денес се прашуваат некои корисници на интернет форумите...
Франција 1998: Спортски петел
По американското куче, во 1994 година стигна францускиот петел. Петелот впрочем е животното на грбот на галискиот фудбалски сојуз и на цела Франција, Неговото име Футикс, не укажува само на спортот туку и на светски познатите сонародници Астерикс и Обеликс.
Јапонија и Јужна Кореја 2002: Дигитално трио
Комјутерските анимации Ник, Каз и Ато во 2002 година беа маскотите за Светското првенство кое се одржуваше во две земји домаќини. За нивните имиња се гласаше во филијалите на еден американски синџир за брза храна, а телевизиската серија со маскотите се снимаше во Велика Британија и Романија.
Германија 2006: Лавот Голео
Тешко може да се разбере, зошто токму животното од грбот на лутиот ривал Англија беше избрано за маскота на СП 2006 во Германија. Исто така и името на кадифениот лав без пантолони „Голео VI може да иритира: "Go Leo!" ( Напред, лаве!), "Gol-Leo" (Гол-лаве) и G-olé-o. Името може да се толкува на различни начини, а германскиот во најдобар случај е помалку здодевен.
Јужна Африка 2010: Манга-леопард
Значително подбро решение од германскиот лав беше јужноафриканскиот леопард Закуми, од 2010 година. Големата мачка е тамошно животно, а исто така и името има поврзаност: ZA е меѓународната кратенка за Јужна Африка, и „куми“ на повеќе африкански јазици значи „десет“, значи ја означуваше годината кога се одржуваше првенството. Само дизајнот помалку потсетува на јапонските манги.
Бразил 2014: Еколошки свесниот Фулеко
Во Бразил целта е еколошко СП. Согласно на тоа маскотата, мравојадот Фулеко покрај фудбалското FUteboL, носи и еколошко име ECO. А како е тоа во склад со шест нови и шест целосно санирани стадиони, не знаат многумина Бразилијанци. При големиот број протести против СП веќе симболично беа „маскирани“ маскоти на Фулеко.