1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мандатот на Ердоган-вовед во еднопартиски систем

Бага Гункур/ А.Трајковска 28 август 2014

Реџеп Таип Ердоган, првиот претседател избран од народот ја презема највисоката функција. Во Турција се кршат копјата околу тоа дали земјата станува еднопартиска држава.

https://p.dw.com/p/1D2vg
Фотографија: Reuters

По изборната победа на Ердоган (10.08.2014) со речиси 52 проценти од гласовите стигнаа задолжителните, политички коректни честитки од Европа како на пример од канцеларката Ангела Меркел. Таа во преден план го истакна „големото значење на Турција во еден тежок регион“. Претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо и претседателот на Советот Херман ван Ромпој сепак речиси и да не можат да се надеваат дека ќе се исполнат нивните очекувања од претседателот Ердоган во улога на внатрешно-политички помирувач.

Ердоган во обраќањето непосредно по изборната победа најави дека сака за започне „нова ера“ и да се надминат „недоразбирањата од минатото“. Овие зборови досега не се поткрепени со дела. Така уште пред официјалното преземање на функцијата се закани со тоа да не се присуствува на свеченоста по повод почетокот на судската година 2014/2015 на 1. септепмрви во Анкара, кога таму говор ќе држи претседателот на турската адвокатска комора Метин Фејзиоглул. Пред три месеци Ердоган имено со негодување ја напушти свеченоста на која Фејзиоглу се дрзна да го критикува неговиот стил на владеење.

Водечките тела на касациониот суд како надлежна инстанца за турската праведност имено не одлучувале по желба на Ердоган. „Ако не му дозволиме на Фејзиоглу да говори, тогаш делуваме спротивно на европската конвенција за човекови права и против во турскиот устав закотвената слобода на изразување на мислењето“, велат на прашање на ДВ членови на касациониот совет, кои сепак сакаат да останат анонимни.

Erdogan und Davutoglu 22.08.2014 Ankara
Ердоган може да се потпре на ДавутоглуФотографија: Reuters

Од другата страна на уставот

Во моментов експертите спорат за тоа дали и во која мерка Ердоган би го повредувал турскиот устав, ако наместо внатрешно-политичка неутралност како претседател тој и натаму се ангажира во делувањето на неговата од 2002 година со апсолутно мнозинство во парламентот владејачка Партија на праведност и развој (АКП). Неговиот претходник Ѓул претседателските задачи ги толкуваше како репрезент. Притоа се дистанцираше од АКП и пружаше напори за добар однос со парламентарните опозициони партии.

Кај Ердоган е поинаку смета професорот по уставно право Ибрахим Кабоглу од универзитетот Мармара во Истанбул - тој говори за „пуч на уставот“. „Функцијата на Ердоган како премиер заврши на 15. август со официјалното објавување на изборниот резултат од страна на Врховниот изборен совет“, вели Кабоглу. Тој жестоко го критикува тоа што Ердоган сепак и натаму агирал од една страна како ново избран претседател, од друга како премиер и со тоа направил „пуч против уставот од 1982“.

Во владејачкиот табор категорички се отфрлаат обвинувањата за искривување или дури повреда на уставот. Портпаролот на АКП Хусеин Челик вели дека водечките тела на партијата не нашле никакви правни пречки, тоа што Ердоган и по неговиот избор за претседател и натаму останал премиер? „Тој хармонично ќе работи со неговиот наследник на премиерската функција Ахмет Давутоглу“. Бурхан Кузу, претседател на парламетарната уставна комисија говори за „психолошка тежина“ на Ердоган :„Тој е харизматичен политичар и ќе го засени неговиот наследник Давутоглу. Но тоа не значи дека ќе го ограничи неговиот круг на делување“.

Türkei Sonderparteitag Nachfolge Erdogan
Ердоган во моментов ја има АКП под контролаФотографија: picture-alliance/AA

Новиот поредок на Ердоган

Политикологот Ајше Ајата од техничкиот универзитет Middle East Technical University (METU) во Анката говори за „законите на Ердоган“. „Тој прави што сака и воопшто не се грижи за уставот“, вели Ајата. Таа очекува натамошна затегнатост во државното раководство: „Турција е повеќе автократски режим, кој сепак се потпира на мнозинстовото. На опозиционите партии им се врзани рацете. Ердоган нема да смета дека треба да поднесе отчет за неговото делување и натаму во рамките на неговиот авторитарен режим ќе владее со земјата и луѓето“.

Во парламентот влејачката АКП има 313 од 537 места. За една година меѓутоа претстојат нови парламентарни избори. За да се смени уставот според претставите на Ердоган и да се спроведе очигледно од него протежираниот претседателски систем на владеење на АКП и се потребни 330 места во парламентот, за да може да иницира референдум за уставот, а 367 места би биле неопходни за директни уставни промени од мнозинството во пленум.

Türkei Ankara Parlament Internet Sicherheit Kontrolle
Во парламентот во АНкара АКП има 313 од 537 местаФотографија: ADEM ALTAN/AFP/Getty Images

На пат кон самовладеење

Додека Ердоган се подготвува за претседателската фунцкија за најмалку пет години во Турција се поставуваат прашања за судбината на партијата и 62-та влада на Турција. Претеникот Бурхан Кузу смирува: Најавата на Ердоган дека сака да биде „претседател кој ќе трча и ќе се поти“ не морало автомаски да значи дека тој ќе ги преземе сите надлежности на владата.

Голем отпор меѓутоа не се очекува. Обвинувањата за корупција во неговото фамилијарно и политичко опркужување, кои пред изборите предизвикаа големо внимание во јавноста засега се под тепих. Опозициските партии во пленумот на Големото национално собрание исто така се слабо застапени како и цивилно-општествените групи. Тие само може немоќно да посматраат како Турција станува еднопартиска држава под водство на Ердоган.