1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон ја прифати оставката на Коломб

СН/ агенции
3 октомври 2018

Најнапред претседателот Макрон ја отфрли понудената оставка на министерот за внатрешни работи, за конечно да ја прифати. Опозицијата критикува дека е направен „циркус“.

https://p.dw.com/p/35uF1
Gerard Collomb
Фотографија: Reuters/G. Fuentes

Францускиот претседател Емануел Макрон ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Жерар Коломб (насловна фотографија) откако претходно одби да го стори тоа. Коломб (71) во понеделникот понуди оставка која шефот на државата веднаш ја отфрли.

Во изјава за Фигаро, Коломб вчера попладне инсистираше на својата одлука да ја напушти владата.

Новинската агенција Франс прес наведува дека неизвесноста траела неколку часа додека претседателството конечно не ја прифатило оставката на министерот.

Frankreich Emmanuel Macron unterschreibt Anti-Terror-Gesetz
Фотографија: picture-alliance/abaca/C. Ena

Емануел Макрон ја „прифати оставката на Жерар Коломб и го замоли премиерот (Едуар Филип) да ја извршува должноста министер за внатрешни работи до именување на наследникот“, изјавено е за новинската агенција Франс прес од Елисејската палата.

Коломб и порано најавуваше дека ќе го напушти министерското место по европските избори во 2019 година и оти ќе се кандидира за градоначалник на Лион.

Француската опозиција вчера коментираше дека околу понудената оставка на министерот се прави „циркус“.