1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон не ја прифати оставката на Коломб

СН/ агенции
2 октомври 2018

Нови превирања во француската влада: министерот за внатрешни работи Жерар Коломб поднесе оставка. Претседателот Макрон, меѓутоа не сака да си замине неговиот долгогодишен соработник.

https://p.dw.com/p/35qZP
Frankreich Innenminister Gerard Collomb
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Mori

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли поднесената оставка на Коломб (насловна фотографија) , објави Претседателската палата. Шефот на државата ја потврди својата доверба во министерот за внатрешни работи и побара од него да остане целосно посветен на „безбедноста на Французите“.

Коломб, министер со висока репутација во владата, на средината на септември, изненадувачки објави, дека сака да се откаже од својата функција во наредната година. 71-годишниот планира во 2020 година да се кандидира за градоначалниката функција во Лион. Пред неговото назначување за министер во мај 2017 година, Коломб помина 16 години на чело на управата на овој  француски град.

USA UN-Vollversammlung |  Emmanuel Macron
Фотографија: Reuters/C. Allegri

Меѓутоа, по ваквата негова објава, се погласни станааа критиките на негова сметка. Опозициските конзервативци побараа итна оставка на министерот за внатрешни работи, бидејќи не ја извршува неговата функција во целост. Коломб  за весникот „Фигаро“ изјави дека не сака неговото министерство да биде дестабилизирано поради неговите планови за кандидатура во Лион.

Сепак, Макрон и премиерот Едуард Филип не сакаат да прифатат итна оставка, особено откако владата мораше да биде реконструирана  пред само еден месец поради оставката на популарниот министер за животна средина Николас Ило.

Коломб беше еден од првите значајни политичари кои го поддржаа Макрон во неговите претседателски аспирации и помогнаа да се воспостави неговото движење „Ен Марш“. До денес, поранешниот социјалист е близок соработник на шефот на државата.