1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците од Албанија бараат конзулат во Корча

ЖА/макфакс/миа12 октомври 2013

Македонците кои живеат во Албанија сакаат отворање на македонски конзулат во Корча, барањето му го доставила и на претседателот Ѓорге Иванов, на средбата во четвртокот во Подградец.

https://p.dw.com/p/19yTP
Фотографија: DW

„Конзулатот во Корча бараме да биде со конзул и неопхдна администрација која ќе има ингеренции исто како амбасадата. Кога нашата матична земја би отворила ваков конзулат во Корча, не мора да се патува до Тирана за некоја информација или услуга од амбасадата, тоа ќе може да го направи конзултатот во Корча“, изјавил генералниот секретар на Македонската алијанса за европска интеграција и претставник на Македонците од Албанија, Васил Стерјовски.

Според Стерјовски, отварањето на македонски конзулат во Корча би било од огромно значење, бидејќи реонот на Корча опфаќа четири поголеми града и население од над 220 илјади жители.