1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците во Албанија во дилема да се пребројуваат сами или не

Милчо Јованоски 2 октомври 2012

Помина една година од пописот на населението во Албанија, а официјални податоци за малцинствата нема. Македонците го бојкотираа пописот и по примерот на Грците размислуваат за самостојно пребројување.

https://p.dw.com/p/16IV5
Едмонд Темелко (во средина)Фотографија: Vera Todorovska

И по 20 години живот во демократија малцинствата во Албанија не се целосно признати. Политиката кон малцинствата вклучувајќи го и македонското е речиси идентична со претходниот комунистички систем , изјави за Дојче веле,Едмонд Темелко градоначалник на Општина Пустец. „ Албанија не сака да се соочи со реалноста и да каже дека Македонци не живеат само во општина Пустец, туку дека постојат на целата територија на земјата. “

Албанија признава само 5 насто Македонци

Според Темелко сега се признати само пет проценти од Македонците или само нешто над пет илјади кои живеет во Мала Преспа. Албанија го игнорира постоењето на Македонците во Тирана, Елбасан, Поградец, Голо Брдо и други места. Долго пред пописот официјална Тирана најавуваше европско пребројување на населението со почитување на малцинското изјаснување. Но од тоа ништо. Граѓаните на чуден начин со законот за попис во последен миг беа спречени слободно да ја искажат етничката припадност.Бараа етнички попишувачи не ги добија , ниту нив. Преку заедничка декларација: Грците, Македонците, Власите, Ромите, Србите и Црногорците на тамошната и меѓународната јавност лани и соопштија дека ќе го бојкоторираат пописот обвинувајќи ја Албанија за негово недемократско спроведување и подоцнежен фалсификат.Така по втор пат во една деценија малцинствата одбија да се попишуваат по албанските закони. Институтот за статистика ги обелодени речиси сите статистички податоци од пописот во октомври 2011, а молчи само околу податоците сврзани со малцинствата.Ќе почекаме статистиката да се изјасни, па дури потоа ќе донесеме конечна одлука ќе се пребројуваме самите или не, објаснува градоначалникот Темелко: „Грците се веќе е ден чекор пред нас. Тие започнаа сами да се попишуваат. И нема да помине долго време и ние ќе преземеме таков чекор.“ Тој признава дека технички и финансиски ќе е тешко да се изведе пописот самостојно. Но и тоа кога би се надминало се сомнева дека албанската власт ќе ги прифати резултатите. Оттука и дилемата околу неговата продуктивност.

AL Minderheiten Prespa
Село во Мала ПреспаФотографија: DW

Пратеник во идниот парламент – проритет на Македонците

Албанската политика на признавање на малцинствата само во одредени области на земјата значи кршење на основните човекови права , како што се: изразувањето, изучувањето на мајчиниот јазик, негувањето на обичаите и традициите: „Иако децата во овие области , како Голо Брдо го зборуваат македонскиот јазик, тие не знаат да пишуваат на кирилица. Потребно е Албанија да вовде настава по македонски јазик во деветтолетките каде што има Македонци“, објаснува Темелко. Пред престојната изборна година тој порача здужување на сите македонски друштва околу партијата „Македонска алијанса за европска интеграција “ со следнава цел: „Да се симнат потесните интереси на некои Македонци што се вклучени во албански партии и да влезат сите Македонци во македонската партија. Така да се освои тој потребен цензус за да можеме да имаме наш пратеник во законодавниот дом. За да можеме од таму посилно и повеќе да ги побараме нашите права како Македонци во Република Албанија. “ Изјави во интервјуто за Дојче веле Градоначалникот на Општина Пустец Едмонд Темелко. Тој деновиве во Корча беше е ден од потписниците на декларацијата за прогласување на регионот Охрид – Преспа за биосферен резерват под закрила на УНЕСКО. Проект кој би требало да придонесе за побрз економски развој и на Мала Преспа . Регион кој од албанската власт како да беше заборавен и досега ретко се вложувало во него.

Albanien Parlament in Tirana
Парламентот во ТиранаФотографија: AP