Македонскиот контингент војници се врати од Авганистан
31 јули 2007Реклама
Денеска во Охрид пристигна македонскиот контингент војници кој шест месеци беше на задача во составот на силите на ИСАФ во Авганистан. Генералштабот на АРМ соопшти дека 126- те војници покажале висок степен на професионализам и стручност во тешките задачи кои ги извршувале како дел од британскиот контингент. Македонски војници веќе 4 години учествуваат во мисијата на меѓународните заштитни трупи ИСАФ, во Авганистан.