Македонија и Словенија се на добар пат
11 декември 2013Германската политика континуирано опстојува врз ветувањето од 2003. година за европската перспектива на земјите од ЈИЕ, нагласи Филип Мисфелдер, надворешнополитички претставник на партиите на Унијата (ЦДУ/ ЦСУ) при отворањето на манифестацијата посветена на соработката на германското стопанство со земји од источна и централна Европа. Во специјалната вечерна програма посветена на Македонија и Словенија, на зборовите на Мисфелдер потсети и Хелге Толксдорф од Сојузното министерство за економија и технологија, кој истакна дека економските перспективи и за наредните години се позитивни.
„Сакаме да го унапредуваме партнерството со тие земји, а од нив пак очекуваме да ги модернизираат своите структури. Германија ќе ги поддржува во тоа. Гледаме голем потенцијал за соработка, кој не е искористен“, рече Толскдорф.
Но, почесните гости добија и посебен третман-вечерната програма беше збогатена и со изведба на неколку композиции на пијано инспирирани од регионот на ЈИЕ. Во еден таков посвечен амбиент во однос на претходниот работен дел на манифестацијата, претседателот на владата на Македонија Никола Груевски ги изнесе веќе познатите аргументи кои треба да ги уверат потенцијалните инвеститори дека Македонија е висинското место за да го прошират својот бизнис. Тој го спомена прокетот за укинување или драстично намалување на бирократските пречки за бизнис, познат како регулаторна гилотина, како и многу поволната даночна политика со ниски стапки како ретко каде во светот и уште и со дополнителни погодности, како добивката се реинвестира. Груевски нагласи дека се‘вкупните трошоци за правње бизнис во Македонија се најниски во Европа, земјата располага со добро образована работна сила, нуди слободни економски зони и има многу стабилни макроекономски показатели. Покрај тоа, како аргумет го наведе и тоа дека Македонија има договори за слободна трговија со сите земји во Европа, освен со Русија. За да ги документира овие работи, Груевски акцент стави врз споредбени анализи од реномирани институции од странство. На пример, на ранг листа на Светската банка за условите за правење бизнис Македонија направи скок од 94. место во 2006. на 25. позиција сега во конкуренција на 184 земји. Тука Македонија е подобро рангирана од 21 од вкупно 28-те земји на ЕУ.
„Компаниите кои се уверија дека нашите ветувања се реални и ги остваруваме, сега отвораат и нови погони и се најдобра препорака за нас“, рече Груевски. Тој претходно во помал круг имаше средба и со друга група германски стопанственици, а манифестацијата во Берлин му е последна за оваа година во низата слични настапи во разни делови на светот.
По манифестацијата не беа предвидени прашања од новинарите, а не се одржа ни прес-конференција.
Словенија напредува
„Словенија го запре надолниот тренд во стопанството, државиот дефицит во наредните години ќе биде под 3 проценти и натамошно ќе се намалува“, истакна Дејан Жидан, потпретседател на владата и министер за земјоделство на таа земја.
„Направена е даночна реформа, системот е поедноставен и тоа веќе резултира со значително зголемени приходи од данокот. Неделава ги очекуваме резултатите од стрес тестот за банките, но сме подготвени да ги докапитализираме од свои извори и да не бараме помош од Европскиот чадор за спас. Во наредната година ќе влеземе со здрав банкарски систем и ќе ја интензивираме приватизацијата на државните претпријатија“, нагласи Жидан.
Инаку, на целодневната манифестација на Друштвото за источна и централна Европа на неколку теми на неколку панели беа соработката со Русија во областа на здравството, правни и даночни апсекти за инвеститорите во Русија, како и уогата на пристаништето Клајпеда во Летонија и на Летонија како специјализирани понудувачи на услуги од логистиката.