1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија и Албанија подготвија спогодба за безвизен режим

Александар Чомовски 5 февруари 2008

Денесак во Скоппје, експертски тимови од макеодснка и албансла страна подготвија спогодба за безвизен режим и слобода на движењето на граѓаните во пограничните места само со лична карта

https://p.dw.com/p/D2vc
Дебар - во иднина поголема слобода на движење на македонско - албанската границаФотографија: Petar Stojanovski

Македонија и Албанија постигаа согласност за безвизен режим во движењето и престојот на своите граѓани во двете земји. Оваа одлука, поттикната од двата премиера, а подготвена на средбата на експертско ниво, на 18 февруари во Тирана треба да ја потпишат премиерите Никола Груевски и Сали Бериша. Ратификацијата во двата Парламента се очекува да биде пред самитот на НАТО во Букурешт, бидејќи и двете земји заедно со Хрватска тогаш очекуваат покана за членство во Северно Атланската Алијанса.

Спогодбата предвидува во иднина жителите од пограничните места во длабочина од 20 километри од двете страни на границата да може да се движат со лични карти. Тоа ќе ја олесни комуникацијата, на македонското малцинство на границата и влегувањето на Албанците во Дебар, Охрид, Струга. Со спогодбата уште се предвидува комуникацијата меѓу двете земји во иднина да се одвива според Шенген правилата односно без визи и без такси со дозвола за престој од 90 дена во рок од шест месеци. Со визниот режим македонските граѓани досега патуваа само во Србија и Хрватска во Балканскиот регион.

Оваа либерализација доаѓа откако Република Македонија ненадејно најави воведување визи за албанските граѓани кои наместо на границата, ќе требаше да ги добиваат истите во македонската амбасада во Тирана. Тоа предизвика лавина реакции и неодобрување од страна на бизнисмени, граѓани, но и на дипломати.