1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го слави Денот на револуционерната борба

Александар Чомовски 23 октомври 2008

По вторпат, Македонија, го слави како државен празник денот на кој се поставени темелите на Македонската револуционерна организација. Во Собранието беа доделени и државните награди "23 Октомври". Опозицијата бојкотираше.

https://p.dw.com/p/FfYs
Наградите „23 Октомври“ беа доделени во СобраниетоФотографија: picture-alliance/ dpa

Македонија денеска го одбележува денот на Револуционерната борба. По тој повод во Собранието беа доделени државните награди „23 октомври“ за долгодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси, промоција на државните приоритети, вредности и културно - историско наследство на Македонија. Наградата за остварување во областа на науката ја добија д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски - историчар, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста им беше врачена на на писателот-академик Ташко Георгиевски, на актерот Петар Темелковски и на ликовниот уметник Милош Коџоман (втори).Опозицијата го бојкотираше доделувањето на наградите.

Македонија годинава по втор пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава