1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија – Албанија

1 јуни 2007
https://p.dw.com/p/Ansn

Македонија и Албанија заеднички го поддржуваат планот на Марти Ахтисари за Косово – изјавија денеска во Скопје шефовите на дипломатиите на двете држави. Подобро “статус“ одошто “статус- кво“ – изјави македонскиот министер за надворешни работи Антониот Милошовски.

Официјална Тирана инсистира на независност на Косово и не е задоволна од одолговлекувањето на решението што се бара од меѓународната заедница – рече Љуљзим Баша. Албанскиот министер за надворешни работи оцени дека посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Тирана е израз на доверба кон земјите во регионот, а двајцата шефови на дипломатија изразија и уверување дека Јадранската тројка по самитот во Букурешт ќе добие покана за членство во НАТО.